Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 морничави трилери од Себастијан Фицек што мора да ги прочитате пред неговото доаѓање во Скопје

По огромниот успех доживеан со секоја напишана книга, Себастијан Фицек доаѓа во Скопје, а ние овој пат ви препорачуваме три негови морничави, психолошки романи, кои мора да ги прочитате.

3-mornichavi-trileri-od-sebastijan-ficek-shto-mora-da-gi-prochitate-pred-negovoto-doagjanje-vo-skopje-01.jpg

Писателот Себастијан Фицек, кој важи за еден од најуспешните германски автори  во светот (со нас 12 милиони продадени книги во светот, а од нив 5 милиони се во Германија), на 9 и 10 мај доаѓа во Скопје, на годинешниот Саем на книгата.

Тој ќе потпишува книги и ќе се дружи со своите читатели на 10 мај.

Токму затоа, пред неговото доаѓање во Скопје, ви предлагаме 3 негови книги, кои мора да ги прочитате:

„Девојката со свеќа“

Пред 11 години, додека Алма била бебе, била дадена на посвојување под мистериозни околности. Во нејзиното досие за посвојување, кое се држело во строга тајност, стоел коментар дека идентитетот на родителите никогаш не смее да излезе во јавност, поради ризик по животот на мајката.

Но Алма е сериозно болна и на девојчето итно му треба трансплантација на коскена срж.

Па, за да го спаси животот на посвоената ќерка, Оливија Раух тргнува во очајна потрага по биолошките родители на Алма.

Додека трае нејзината потрага, Оливија, која е психолог-експерт за насилни злодела, наидува на легендата за „девојката со свеќата“ - млада девојка која еден Божиќ се изолирала од светот во една куќа во шумата Франкенвалд.

Но, дотаму ја следел психопат кој ја принудил да отвора „божиќен календар“ полн со ужасни задачи.

3-mornichavi-trileri-od-sebastijan-ficek-shto-mora-da-gi-prochitate-pred-negovoto-doagjanje-vo-skopje-03.jpg

„Мимики“

Хана се буди во мотелска соба и не може да се сети како се нашла таму, ниту пак зошто ја обвинуваат за убиство на нејзиното семејство.

Полицијата не само што ја обвинува, туку ѝ покажуваат и видео во кое таа признава дека навистина ги извршила убиствата.

Но, Хана е експерт за читање изрази на лицето, па таа сега ја користи својата професионална експертиза за да ја докаже својата невиност, а притоа открива и злобна позадина на целата „местенка“ во која е вклучена личност што ѝ е блиска.

Во овој роман Фицек го истражува мрачното прашање: „Колку добро ги познаваме оние кои ги сакаме?“ и ќе ве натера да преиспитате сѐ што сте мислеле дека знаете за семејните врски и човечката природа.

3-mornichavi-trileri-od-sebastijan-ficek-shto-mora-da-gi-prochitate-pred-negovoto-doagjanje-vo-skopje-04.jpg

„Подарокот“

Милан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште во автомобилот седи преплашено девојче со солзи во очите.

Таа очајно се обидува да залепи порака на прозорецот за да му каже нешто.

Милан не е сигурен дали таа бара негова помош или се работи за нешто друго - тој не може да ја прочита пораката бидејќи е неписмен.

Само еден на над два милиони луѓе во Германија не знаат да читаат и пишуваат, а Милан е меѓу нив.

Но тој чувствува дека девојчето е во смртна опасност.

Тој тргнува да ја бара и со ова за него почнува серија кошмари какви што не може ни да замисли.

На крајот го чека сознанието дека понекогаш вистината е премногу ужасна за да можеме да живееме со неа, па способноста за игнорирање е најголемиот подарок што постои!

3-mornichavi-trileri-od-sebastijan-ficek-shto-mora-da-gi-prochitate-pred-negovoto-doagjanje-vo-skopje-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училишт...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...
Три морничави трилери, за љубителите на хорор приказни Двајца инспектори кои сосема случајно ќе бидат вовлечени во мистериозни случаи, ...
3 мистериозни романи за велигденскиот викенд Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg