3 книги со кои ќе се ослободите од негативните мисли

Како да станете имуни на негативни мисли и чувства? Како да доживеете безусловна љубов, мир и радост, без оглед на надворешните околности? Како да се ослободите од негативнте мисли кога ќе се најдете во некој магепсан круг? Како да се ослободите од сомнеж во себе, саботирање на себеси? Овие три книги ќе ви помогнат во тоа.

3-knigi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-negativnite-misli-01.jpg

Кога сте тажни, незадоволни, лошо расположени, лути на цел свет, лути на себе, кога сакате повеќе од животот и залудно се мачите да го добиете, или кога мислите дека не сте доволно добри - секогаш ви треба нешто што ќе ве разведри, ќе ви го тргне умот од проблемите или негативните мисли.

Ако советите од блиските не помагаат, тогаш можеби ќе ви помогнат советите од експертите.

А токму овие 3 книги се такви - имаат за цел да ве мотивираат и да направат да се чувствувате подобро во врска со себе.

Па ако не сте ги прочитале, сега е вистинско време за тоа:

„Четири спогодби“ од Дон Мигел Руис

Треба да применувате само четири реченици за да го промените својот живот. „Беспрекорно користете го својот збор“, „Ништо не сфаќајте лично“, „Не правете претпоставки“ и „Секогаш направете сè што можете“ - се едноставни реченици кои во себе кријат мудрост, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ви дадат храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.

Беспрекорно користете го својот збор - Зборувајте почитувајќи го својот интегритет и кажувајте го она што навистина го мислите, не озборувајте и користете ја моќта на зборовите за да ширите љубов и вистина.

Ништо не сфаќајте лично - Тоа што го прават другите не е поради вас, а кога сте имуни на нивното мислење и постапки, нема да станете жртва на непотребно страдање и измачување.

Не правете претпоставки - Прашувајте и кажете што сакате навистина, комуницирајте со другите што е можно појасно и така ќе ги избегнете недоразбирањата, болката, драмите.

Секогаш направете сè што можете - Во секоја ситуација направете сè што можете и ќе нема потреба да се осудувате и измачувате себеси, исполнувајќи се со негативни чувства и каење.

3-knigi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-negativnite-misli-02.jpg

„Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи

Овој прирачник за самопомош е продаден во милиони примероци ширум светот, а ќе ви ја открие невидливата моќ што ви треба за да ја остварите секоја ваша цел.

„Моќта на потсвеста“ е меѓу омилените инспиративни водичи на сите времиња, а ќе ви покаже како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до големо подобрување на вашиот живот.

Преку практични техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, врските, работата, среќата и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа.

3-knigi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-negativnite-misli-04.jpg

„Не верувајте во сè што мислите“ од Џозеф Нгујен

Преку оваа книга ќе го откриете коренот на целото психолошко и емоционално страдање и како да постигнете слобода на умот и лесно да го создадете животот што секогаш сте го посакувале.

Со помош на оваа книга ќе откриете како да станете имуни на негативни мисли и чувства, како да доживеете безусловна љубов, мир и радост во сегашниот момент, без оглед на надворешните околности.

Како да се ослободите од негативните мисли кога неизбежно ќе се најдете во магепсан круг, како да се ослободите од анксиозност, сомнеж во себе, саботирање на себеси, да ги тргнете деструктивните навики, како да прифатите дека е во ред да бидете несигурни или да немате знаење за сè?

Без оглед на тоа што ви се случило или што сте направиле, оваа книга ќе ви помогне да најдете целосен мир, безусловна љубов, целосно исполнување или изобилство на радост во вашиот живот.

3-knigi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-negativnite-misli-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 книги од македонски автори, кои како да се светски бестселери - ќе сакате да ги прочитате веднаш Ако сакате да прочитате нешто убаво, возбудливо и во стилот на светските бестсел...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg