5 одлични дела без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2026

Луѓе-сенки, Сашо Кузмановски

По успешно затворените случаи со украдениот тетробол од музејот на пари во Народната банка на Македонија и со мистериозното убиство во локалитетот Стоби, инспекторот за крвни деликти Јован Ингилизов-Џовани е исправен пред најсложениот случај во својата кариера – неразрешениот атентат врз претседателот на државата што се случил пред 13 години.

„Луѓе-сенки“ е романот со кој се заокружува трилогијата за инспекторот Џовани, ревносен и правдољубив полицаец, кој бескомпромисно им пристапува на службените задачи, дури и на оние најзаплетканите и најтешките.

Во најновиот случај, Џовани не е свесен дека духовите од минатото се враќаат да го наплатат долгот.

Тринаесет години по обидот за убиство на претседателот и по низата мистериозни смртни случаи кај неслучајни луѓе, се случуваат чудни работи во високите ешалони на Министерството за внатрешни работи.

Клопчето почнува да се одмотува бавно, до следниот голем јазол…

Романот е историска фикција, заснована на вистински настани од нашето колективно минато, околу која авторот Сашо Кузмановски ја гради сопствената приказна, постапка што е препознатлива за неговата творечка поетика.

5-odlichni-dela-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saemot-na-kniga-2026-05.jpg

Последниот гостин, Меган Миранда

Малото гратче Литлпорт во Мејн отсекогаш изгледало како два одвоени града - беше идеално летно одморалиште за богати - со летниковци покрај брегот, додека во пристаништето живееше мала заедница на овдешните жители што се занимаваат со туризам.

Меѓу овдешните жители и посетителите ретко се развиваа блиски пријателства, ама токму тоа ѝ се случи на младата богата девојка Сејди Ломан и на тинејџерката Ејвори Грир.

Секое лето, речиси цела деценија, девојките беа неразделни - сѐ додека една ноќ Сејди не беше пронајдена мртва.

Полицијата ја прогласува нејзината смрт за самоубиство, ама Ејвори ја мачи чувството дека многу прашања останале неразјаснети.

Една година подоцна Ејвори дознава дека некои луѓе не ѝ ја откриле вистината на полицијата, па решава да открие што всушност се случило таа злокобна ноќ во која умрела Сејди…

Овој мистериозен роман на Меган Миранда е брз како молња, полн со опасности и неочекувани пресврти и промени, кои читателот ќе го држат во постојана неизвесност.

5-odlichni-dela-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saemot-na-kniga-2026-02.jpg

Замир, Хакан Ѓундај

Секоја тишина има своја пукнатина. Низ таа пукнатина, наскоро ќе протече зборот на Хакан Ѓундај.

Подгответе се за ново книжевно патување со книгата што ќе ве остави без здив. 

„Почнуваат да сфаќаат дека работата што ќе ја работат со децении ќе ги претвори во стаорци што трчаат низ лавиринт. Ама, ова беше лавиринт без излез и без сирење. Затоа што, ние не носевме мир.

Ние само одложувавме војна. Ете, тоа беше сѐ што успеавме да направиме - го нарушувавме распоредот за војна и го одложувавме најлошото колку што можевме подолго.

Нека се пролее крв некој друг ден, не денес. Ама, да си го кажуваш ова секојдневно?

Токму тоа беше нашата работа. Клечевме на брегот и со голи раце го туркавме океанот назад.“

5-odlichni-dela-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saemot-na-kniga-2026-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
3 книги со кои ќе се ослободите од негативните мисли Како да станете имуни на негативни мисли и чувства? Како да доживеете безусловна...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg