Александра од Скопје обожава книги од македонски автори, во библиотеката има 600 дела - Кои 5 ѝ се омилени?

„Славејот“, Кристин Хана

„Славејот“  е приказната за сестрите Вијан и Изабел кои за време на Втората светска војна живеат во Франција, каде секоја на свој начин се бори за преживување и слобода.

Додека едната тивко се обидува да го заштити семејството, другата станува дел од отпорот и ризикува сè за да спасува животи.

Со нетрпение го очекувам филмот кој ќе излезе во месец февруари 2027 година, а посебно сум возбудена бидејќи двете сестри, Вијан и Изабел, ќе ги глумат актерките Дакота Фенинг и Ел Фенинг кои се во вистински живот сестри и првпат ќе глумат во некој филм заедно.

aleksandra-od-skopje-ima-biblioteka-od-600-knigi-obozhava-dela-od-domashni-avtori-koi-5-i-se-omileni-08.jpeg

„Четврто крило“, Ребека Јарос

Ова е првата книга која ме внесе во жанрот  романса-фантазија. Првиот дел од серијалот на Ребека Јарос кој не само во светот, и во Македонија направи вистински бум од возбуда.

Додека ја читав, имав чувство како и јас да јавам на змеј - срцето ми чукаше брзо, а секоја страница беше нов лет низ хаос и возбуда.

Станува збор за девојка по име Вајолет Соренгејл, која сѐ што сака е да работи во библиотека но наместо мирен живот таа е принудена да влезе во сурова академија каде идните јавачи на змејови се борат за опстанок.

Додека се обидува да преживее меѓу опасни тестови, тајни и политички игри, таа влегува и во комплициран однос со мистериозниот Зејдан.

Моментално се снима серијата која ќе биде адаптирана по овој серијал, а „битката” за тоа кој треба да го глуми згодниот Зејден Риорсон е навистина жестока, посебно од страна на женскиот пол.

aleksandra-od-skopje-ima-biblioteka-od-600-knigi-obozhava-dela-od-domashni-avtori-koi-5-i-se-omileni-09.jpeg

„Куќа од стакло“, Сара Пеканен

Трилер што ме натера да се сомневам во секој лик. За мене брзото дејство, напнатоста и постојаните тајни се клучни за еден добар трилер.

Оваа книга ми е посебно драга бидејќи ми ја потпиша самата авторка Пеканен, која ја запознав овогодинешниот Саемот на книга и ми одговори лично на неколку прашања поврзани со неа.

Уште еднаш се докажа дека големите авторски имиња се толку срдечни, љубезни и отворени за комуникација.

Темата што ме интересираше секако е дали ќе има за набрзо најава да се адаптира некоја нејзина книга во филм или ТВ-серија.

aleksandra-od-skopje-ima-biblioteka-od-600-knigi-obozhava-dela-od-domashni-avtori-koi-5-i-se-omileni-10.jpeg

„Неверојатно бистри суштества“, Шелби Ван Пелт

Ова е книга која ќе ти го стопли срцето и ќе ти ја погали душата. Толку длабоко навлегуваш во приказната што почнуваш да веруваш дека сè е можно, па дури и дека октоподите зборуваат.

Се зборува за жена која е во години, по име Тови, која работи во аквариум и неочекувано создава посебна врска со Марселус, неверојатно интелигентниот октопод.

Преку нивното необично пријателство, полека се откриваат тајни од минатото и приказна за загуба, надеж и втори шанси.

Само што излезе филмот на платформата Нетфликс и ќе кажам дека иако имаше неколку поголеми разлики од книгата, мене лично не ми пречеше.

Многу уживав и во книгата, но и во филмот.

aleksandra-od-skopje-ima-biblioteka-od-600-knigi-obozhava-dela-od-domashni-avtori-koi-5-i-se-omileni-11.jpeg

„Високо во облаците“, Лиз Томфорд

Ова е книга која е дел од серијалот Windy City. Станува збор за спортска романса за  стјуардесата Стиви и хокеарската ѕвезда Еван Зандерс.

Зад славата, сарказмот и хемијата, и двајцата се соочуваат и со лични несигурности, трауми и страв.

Романса што ми се допадна многу бидејќи не станува збор за уште една клише приказна.

Женскиот лик не е типична „совршена“ девојка туку реална, со облини, став и карактер.

Токму тоа ја прави приказната поавтентична.

Само пред неколку дена официјално се објави веста дека и овој серијал ќе биде адаптиран во ТВ-серија, што ми е посебно драго.

aleksandra-od-skopje-ima-biblioteka-od-600-knigi-obozhava-dela-od-domashni-avtori-koi-5-i-se-omileni-12.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава