Дијана од Кавадарци има библиотека од 1.200 книги, месечно дава 4.000 денари за нови - Кои ѝ се омилени дела?
Кои се нејзините 5 омилени книги, кои ги препорачува секогаш?
„Убавината на скршените нешта“, Ивана Спасев
Ова е книга што не се чита само со очи, туку со душа.
Болна, искрена и длабоко емотивна, ја раскажува тивката борба со неплодноста низ љубовта на Ирис и Итан.
Ова е приказна што крши, но и лекува, оставајќи надеж, вера и чувство дека не си сам.
Ја препорачувам на секоја жена што некогаш ја носела титулата „мајка“ со празни раце.
Оваа книга е за вас. Оваа книга е за нас.

„Исповеди“, Колин Хувер
Ова е емотивна приказна за љубов, болка и искупување.
Преку судбините на Обурин и Овен, книгата ги открива најдлабоките тајни и ја покажува моќта на вистината и простувањето.
Овој роман нежно, но силно се впишува во душата и долго останува во срцето.

„Никогаш не лажи“, Фрида Мекфаден
Станува збор за напнат трилер полн со лаги, тајни и неочекувани пресврти и ве држи во неизвесност до самиот крај.
Со одлично изградени ликови и динамична приказна, која ве води низ лавиринт од манипулации што ќе ве шокираат и ќе ве остават будни до доцна.
Совршен избор за љубителите на трилери.

„Фатени во љубовна мрежа“, Теса Бејли
Ова е нежна и топла љубовна приказна што останува во срцето долго по читањето.
Приказната за Фокс и Хана ја прикажува љубовта како нешто што се гради постепено, низ искреност, смеа и емоции што и болат и лечат.
Ова е книга што не се чита само со очи, туку се чувствува и тешко се заборава.

„Сите цвеќиња во Париз”, Сара Џио
Ова е длабок и емотивен роман што се доживува, а не само се чита.
Преку испреплетените приказни на Керолајн во сегашноста и Селин во окупираниот Париз, книгата ги поврзува минатото и сегашноста на моќен и потресен начин.
Полна со емоции, тајни и историска тежина, ова е приказна што остава тивка, но трајна трага во срцето.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело