Предлог книги за на плажа

Ако сте љубител на прекрасните летни приказни и решите ова лето книгите да ви бидат главен аксесоар на плажа, имаме неколку предлози за вас кои ќе ве воодушеват.

letni-predlog-knigi-za-na-plaza-01

Пред да се упатите во некоја од нашите книжари, задолжително прочитајте ја оваа листа и пронајдете ја идеалната приказна со која ќе се опуштите на врелиот песок, покрај морското синило и некој егзотичен коктел.

И планините одекнаа -  Халед Хосеини 

Летната хит книга која сите мора да ја прочитат. Ова е прекрасен роман преполн со емоции посветен на сите оние кои некогаш љубеле и се грижеле за некој друг. Всушност, на крај ќе ве натера да размислувате за тоа како вашите лични избори влијаат на следните генерации за кои понекогаш не се грижиме доволно, токму поради тоа што сè уште физички не постојат.

Овој роман е премногу личен и опфаќа повеќе теми отколку што можете да замислите.


Дали носат високи потпетици во рајот?
– Ерика Орлоф

Женска приказна чиј тек на настани не можете ни да го замислите. Главниот лик е Лили, самохрана мајка на две мали дечиња која работи како колумнистка. По долго работно искуство, таа добива задача да им ја олесни борбата на девојките со ракот ширум светот, сè додека не открие дека и таа се бори со него...

Прекрасна приказна која ќе ве натера да размислите за сопствениот живот, како што претходно не сте ни замислувале дека можете.


Сосема будна
– Шели Крејн

Кога главниот лик е во кома веќе подолго време, текот на настаните е сосема непредвидлив. Таква е и оваа приказна со младата Ема Вокер која по долго време се буди во една болница, а не ни претпоставува како стигнала до таму.

Одлична приказна која ќе ви го замати умот, ќе ве натера да поврзете премногу работи, да се пронајдете во сегашноста и да престанете да размислувате за минатото.

letni-predlog-knigi-za-na-plaza-02

Страв од најлошото - Линвуд Баркли

Уште една книга која ќе посакате да ја прочитате во еден здив. Ќерката на еден човек исчезнува, а тој не знае каде да ја бара, ниту пак што ја натерало да го напушти. Постојано се прашува кој прв ќе ја пронајде?

Книга која ќе ве натера да бидете жедни за уште една страница плус.


Рингишпил
– Јелена Бачиќ Алимпиќ

Уште од првата прочитана страница ќе влезете во магичниот рингишпил на чувства од кој тешко дека ќе излезете. Главната хероина во оваа приказна, Ана Балинт е прекрасна и талентирана жена која на смртната постела се присетува на најубавите спомени од минатото.

Подгответе се за премногу емоции, измешани чувства, насмевки и солзи.


Колачиња за појадок
– Дороти Кумсон

Приказна за една жена по име Кендра која се враќа во Англија по неколку години и започнува нов живот. Таа започнува среќен живот, речиси сè и оди од рака, сè додека една уцена не и го промени животот. Незиниот живот полека се распаѓа, а единствен начин тоа да го поправи е да ја признае долго чуваната тајна која одамна ја направила. И се заколнала дека никогаш нема да ја издаде...

Прекрасен и пред сè реален тек на настаните кои за момент ќе ви го запрат здивот и ќе ве натераат да помислите на вашите најдлабоко сокриени тајни.

Одберете ги страниците во кои ќе уживате покрај звукот на морето или езерото и задлабочете се во некоја од овие приказни.

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg