Мистеријата зад „Црвената книга“ на Јунг

Црвената книга е ракопис создаден од страна на швајцарскиот психолог и лекар Карл Густав Јунг во период од 1915 до 1930 година. Иако била номинирана како централно дело во опусот на Јунг, не била објавена сé до 2009 година.

misterijata-zad-crvenata-kniga-na-jung-01.jpg

Своето име го добила според корицата на книгата, додека Јунг ја нарекувал Liber Novus (на латински, нова книга).

Јунг за оваа книга зборува како за неговиот најтежок експеримент кој вклучувал доброволно соочување со несвесното преку намерен ангажман, односно, она што подоцна го нарекувал митопоетска имагинација.

Ги бележел своите виденија или фантазии во серија од шест дневници, денес познати како „Црни книги“.

misterijata-zad-crvenata-kniga-na-jung1.jpg

Јунг го пишувал неговиот текст со калиграфско пенкало и разнобојни мастила. Текстот е напишан на германски јазик, а вклучува и цитати од Вулгата на латински јазик и неколку натписи и имиња напишани на латински и грчки, како и краток цитат од Багавад Гита.

Книгата ја раскажува приказната за Јунг кој се обидува да се соочи со сопствените демони.

Во неа, тој патува во земјата на мртвите, се вљубува во една жена за која подоцна сфаќа дека му е сестра, се среќава со голема змија и сл.

Стилот на пишување во Црвената книга наликува на стилот на филозофот Фридрих Ниче („Така зборуваше Заратустра“).

Во основа се работи за внатрешен дијалог со себеси, со несвесното, комплексите, демоните, душата кои биле запоставени или неразвиени.

Секој од овие потиснати елементи на неговата психа се манифестирани во соништа и визии.

Црвената книга започнува како детален дневник на еден човек и неговото патување во подземјето, а завршува со неговите херојски враќања во обновениот надворешен свет.

Книгата може да се опише и како Светиот Грал на несвесното. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Три возбудливи книги кои треба да ги прочитате на почетокот на есента 2025 Садистички сериски убиец кој умешно бега од полицијата, љубовна приказна и прокл...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
3 книги од македонски автори, кои како да се светски бестселери - ќе сакате да ги прочитате веднаш Ако сакате да прочитате нешто убаво, возбудливо и во стилот на светските бестсел...

Најчитани неделава