Предлог книга: „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман

Кога ладното време надвор ве тера да се завиткате во нешто топло и да земете шолја чај покрај себе, не заборавајте на вашиот најверен пријател – книгите.

predlog-kniga-sekjavanje_na_ljubovta_od_alison_ricman-01.jpg

„Сеќавање на љубовта“ е книга која ќе ве натера повторно да верувате дека постои вистинската љубов, чиста, искрена и безвременска.

Заснована на вистинската приказна за двајца млади евреи кои љубовта ги спојува, но сепак животот и војната се испречуваат меѓу нив, градејќи ѕид кој се чини дека е невозможно да се сруши.

Родена како најстара ќерка во едно скромно еврејско семејство Ленка наследува од мајка си извонреден талент за сликање и сонува еден ден да стане позната сликарка. Запишувајќи се на сликарската академија во Прага го запознава Јозеф, братот на една од нејзините најдобри пријателки од академијата.

Љубовта започнува да се вселува во нивните срца и да создава една навидум совршена приказна, но одеднаш се појавува и војната и со својот виор успева за само еден момент да ја растргне љубовта на два сосема различни краја на светот.

Дали е можно да го продолжите животот затворени меѓу четири ѕида без никаква верба дека еден ден можеби ќе бидете повторно среќни? Можете ли да верувате дека животот ви го одзел најважното нешто, а вие сепак чувствувате дека тоа е тука? Дали ќе дозволите некој да ви ги залечи раните кои војната толку многу ги отворила што мислите дека никогаш нема да зараснат? И дали верувате во магија на љубовта, дека можеби после многу, многу години личностите кои сте ги закопале во минатото магично ќе воскреснат појавувајќи се во сегашноста за да ви покажат дека љубовта е посилна и од војната, и од суровоста на светот и од најголемите далечини?

Препуштете и се на приказната и не заборавајте љубовта навистина е посилна од сè.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од траума до триумф: Автобиографија за храброста и верата во човечката сила Издавачката куќа САКАМ КНИГИ на 06.04.2024 (сабота), во 13:00 часот во книжарниц...
Кое е скриеното значење зад бајките? Треба ли да ги исфрлиме бајките од детскиот свет? Веројатно ниту еден педагог ил...
Арс Ноторија - древна волшебна книга за подобрување на меморијата Веќе со векови се пишуваат книги во кои се тврди дека читателот ќе добие посебни...
Лектири за средно образование, што е срамота да признаете дека не сте ги прочитале Издвојуваме 3 лектири од средното образование што е срамота да не сте ги прочита...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg