8 книги кои мора да ги прочитате според Ернест Хемингвеј

Во 1934-та година надежниот писател и новинар Арнолд Семјуелсон се одлучил за долго и макотрпно патување само за да го сретне Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-001.jpg

Познатиот автор бил импресиониран од решителноста на неговиот гостин па решил да му потенцира кои книги, според него, треба секој човек да ги прочита.

Неговата листа е составена од 8 книги кои можете да ги најдете и со македонски превод:

1. „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер

Ема Бовари копнее по гламурозен живот и романтични авантури, а живее монотон и неисполнет живот како сопруга на доктор. Постои надеж да избега од здодевноста?

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-1.jpg

2. „Даблинци“ од Џемс Џојс

„Даблинци“ претставува збирка на раскази од писателот Џејмс Џојс преку кои тој го изразува своето незадоволство од живеењето во Ирска.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-2.jpeg

3. „Црвено и црно“ од Стендал

Главниот протагонист решава да се качи високо на скалата на социјален статус и заклучува дека „единствено парите се важни во животот“, но дали неговиот заклучок е правилен?

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-3.jpg

4. „Ана Каренина“ од Лав Толстој

Најголемата љубовна приказна на сите времиња, оваа книга искрено ја доловува наивната и искрена љубов, но и страста која знае да биде деструктивна.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-4.jpg

5. „Војна и мир“ од Лав Толстој

Толстој ни дава детални информации за животот на военото поле, но и секојдневието во Русија во 19-от век - времето на наполеоновите освојувања.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-5.jpg

6. „Буденброкови“ од Томас Ман

Книгата го опишува животот на четири генерации на богато семејство од германскиот град Либек. На прв поглед, семејството претставува епитом на традиционалните германски сфаќања, но во основа претставува приказна за љубовта, интригите, омразата...

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-6.jpg

7. „Браќата Карамазови“ од Ф. М. Достоевски

Најкомплицираната и контроверзна новела на Достоевски - некои велат дека е детективска приказна за интелектуалци, ран пример за пост-модернизмот и прикажување на руската душа.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-7.jpeg

8. „Оркански височини“ од Емили Бронте

Оркански височини денес се смета за еден од највеличествените романи во англиската литература - Кетрин се вљубува во нејзин братучед, но гордоста и жедта за богатство ја тераат да се венча за познат човек.

8-knigi-koi-mora-da-gi-procitate-spored-ernest-hemingvej-8.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана од Тетово: „Имам домашна библиотека со над 800 книги - кои три ми се омилени?“ „Она што почна со една полица стари лектири, сега е домашна библиотека со над 80...
3 романи кои раскажуваат приказни за војна, љубов и пожртвуваност Приказна за Првата светска војна во Русија, напнат роман за случувањата во Втора...
Охрабрувачки книги од македонски родители, напишани за нивните деца со попреченост Таткото на Марко Пејчиновски, пливачот кој има ретка болест - некроза на ногата;...
Нина Ангеловска ја објавува својата прва книга „Ништо случајно" Скопје, 18 мај 2026 - Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ни...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...

Најчитани неделава