3 предлог книги за јули

Сакајќи да ве мотивираме што повеќе да читате и на тој начин да го збогатите својот личен живот и овој месец ви нудиме три наслови кои со сигурност ќе ви го освојат срцето и нема да ви дозволат да ги оставите сè додека не ја прочитате и последната страница.

Sto-da-procitate-vo-tekot-na-april-01

Придобивките од читањето биле тема на интерес на многу истражувања, а она што се покажало како резултат од сите тие истражувања е дека книгите имаат огромно влијание врз психата на луѓето.

Тие ќе ве релаксираат, одморат и ќе ве натераат да заборавите на сите проблеми, но истовремено ќе ве направат побогати за едно ново искуство и за една нова приказна која никогаш не знаете колку може да ви помогне во вашите животни дилеми.

„Дувачот на стакло од Мурано“ – Марина Фиорато

Марина Фиорато на одличен начин ќе ве прошета низ времето прикажувајќи ви две страни на Венеција.

Венеција од 17-от век, време во кое е убиено семејството на Корадино Манин, а нему му е подарена шанса за живот единствено бидејќи неговиот заштитник во него ја препознава чудесната дарба за дување во стакло, умешност по која островот Мурано ќе стане најпознат низ целиoт свет.

Младиот уметник ќе биде повикан дури и во дворецот на Луј XIV каде ќе се соочи со најголемото искушение во животот.

Втората Венеција е таа која живее и пулсира во сегашноста, Венеција во која една друга Леонора, потомок на Корадино, ќе дојде со желба да ја усоврши својата способноста за дување стакло но и бегајќи од неуспешната љубов и сите проблеми кои таа ги носи со себе.

sto-da-procitate-vo-tekot-na-juli-002.jpg

„Оксфордски убиства“ – Гилјермо Мартинес

Кога во математичар ќе се разбуди желбата за пишување не може да очекувате ништо друго освен роман кој ќе ви покаже дека однесувањето и постапките на луѓето совршено ги следат правилата и законите на математиката.

Мартинес, кој има завршено постдокторски студии по логика на Оксфорд, ќе ве вовлече во светот на математиката и логиката и нема да ви дозволи да ја оставите книгата настрана ниту за момент.

Во романот се раскажува за професор кој заедно со еден студент ги истражуваат низата чудни убиства во Оксфорд, Англија.

Сите убиства се поврзани со математички симболи и шифри кои го најавуваат следното злосторство од долгата серија.

Полицијата брза да го фати убиецот пред бројката да стане преголема, но секогаш штом дојде на чекор до него сфаќа дека нешто пропуштила и наидува на нова шифра и ново тело...

 sto-da-procitate-vo-tekot-na-juli-03.jpg

„Казна за гревот“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

Извонредна трилогија која ќе ве остави без здив од првата до последната страница. Три приказни проткаени со една нишка која ги поврзува на нераскинлив начин.

„Ноќта кога дојдоа сватовите“ ја раскажува приказната за забранетата љубов на Михајло, синот на богат земјопоседник, и Емилија, ќерката на ковачот, љубов која им пркоси на сите правила и закони во едно време каде парите условуваат како луѓето ќе гледаат на тебе.

Во „Книга на спомените“ одличната ученичка Емилија по препорака на нејзиниот професор заминува да го продолжи своето образование во Виена каде открива што значи љубовта гледајќи во сините очи на нејзиниот професор, кој восхитен од нејзиниот талент решава да ја земе како негова асистентка. Н

о, војната и чудните случувања на имотот каде живеат нејзините сиромашни родители ќе ги одведат нештата во сосема неочекувана насока...

„Молитва за прошка“ е последниот дел каде Емилија Нојбауер конечно го остварува својот сон и после многу одрекувања и страдања станува професор на универзитетот во Виена. Но, злото никогаш не спие и доаѓа тогаш кога најмалку го очекувате.

За Емилија тоа е писмо кое ја потсетува на животот на имотот и на еден грев направен пред многу години со кој денес треба да најде начин како да живее, истовремено прашувајќи се дали прошката и љубовта загубена некаде во минатото повторно може да се појават пред неа?

Sto-da-procitate-vo-tekot-na-april-04

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисер...

Најчитани неделава