3 предлози што да читате во август

Летниот одмор не е одмор доколку покрај вас немате некоја добра книга со која ќе другарувате додека сте на плажа.

Sto-da-citate-vo-avgust-01

Овој месец ви подготвивме три нови наслови со кои можете да го збогатите списокот на прочитани книги и списокот на нови искуства кои сте ги доживеале со секоја нова свртена страница.

Затоа, ако ги пакувате куферите за некое патување не заборавајте да оставите место за барем една книга...

1. „Без тебе“ – Мишел Биси

На 22 декември 1980 година се руши авион на границата помеѓу Франција и Швајцарија. Страшната несреќа и пламените јазици сепак остануваат немоќни пред животот на единствениот преживеан патник – тримесечно девојче со непознат идентитет – за чие старателство се борат две семејства, едно богато и влијателно, и друго сиромашно и праведно.

Малото преживеано девојче го слави својот 18-роденден исто онолку години колку што приватниот детектив се обидува да покаже дали нејзиното вистинско име е Емили или Лиз-Розили?

Страшната тајна која на крајот ќе ја открие ќе го натера да посегне по својот живот, но пред целата вистина да дојде до девојчето... сепак судбината има малку поинакви планови - па наместо девојчето, некој сосема друг стигнува прв до него...

Sto-da-citate-vo-avgust-02

2. „Црна и сребрена“ – Паоло Џордано

Третиот роман на Паоло Џордано, „Црна и сребрена“, раскажува за интимниот живот на едно модерно младо италијанско семејство, кое доживува криза по смртта на старата помошничка и дадилка на детенцето на семејството. Госпоѓа А. е повеќе од домашна помошничка, таа е стожер на семејството, единствениот сведок на врската што ги спојува.

„Црна и сребрена“ е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови.

Кога семејството ќе ја загуби госпоѓа А, ненадејно чувствува празнина што не може да се пополни. Но, младата двојка треба да согледа дека нејзината сила веќе е дел од нив.

sto-da-citate-vo-avgust-004.jpg

3. „Ѓаволот дојде по своето“ – Лаш Кеплер

Духовите од минатото никогаш нè не напуштаат целосно, тогаш кога најмалку ги очекуваме доаѓаат во форма која нè тера одново и одново да се потсетиме на она кое мислиме дека сме го закопале доволно длабоко и не може никогаш да излезе.

Инспекторот Јона Лина работи на случај во кој брутално е убиена девојка од домот за проблематични тинејџерки во Стокхолм, за да се дознае дека истата вечер исчезнува и друга девојка, која бегајќи краде автомобил во кој има 4-годишно дете.

Во приказната се вмешува и Флора која тврди дека видела сè и совршено го опишува оружјето со кое е извршено убиството... Но, полицијата не може да ѝ верува од една едноставна причина – ноќта кога се случило убиството, Флора била илјадници километри далеку од местото на злосторот. Но, она што полицијата не може ни да го претпостави е дека Флора е всушност медиум...

Sto-da-citate-vo-avgust-04

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg