Еротски книги кои ги скокоткаат сетилата


Еротски книги кои ги скокоткаат сетилата

Додека „50 нијанси сиво“ го опседна светот и едните ја споделуваа, позајмуваа и ја гледаа нејзината филмувана содржина, другата половина подеднакво жестоко ја исплука, ставајќи ја во групата на неквалитетна литература.

Erotski-knigi-koi-ke-ve-shokiraat-01.jpg

Навистина е тешко да се напише книга со еротска содржина која ќе биде фино спакувана, интригантна, но и квалитетно напишана, бидејќи неретко речникот во ваквиот жанр формира низок и простачки стил на изразување.

Сепак, овие автори се нафатиле на предизвикот и очигледно успеале во него.

Ви предлагаме 3 еротски книги кои ќе ви ги заскокоткаат сетилата и воедно ќе ше шокираат:

 Љубовен живот – Зеруја Шалев

Mоќниот и неверојатно експлицитен роман без цензура на израелската писателка Зеруја Шалев ја следи приказната на Јара, која по средбата со Ари полудува по него. Ари е многу постар пријател на татко ѝ, и за да биде уште посложено, во минатото бил вљубен во нејзината мајка, која пресметано ја одбила неговата наклоност.

Јара очигледно го плаќа данокот на студениот однос кој мајка ѝ му го пружила на Ари. Таа е подготвена да моли, да се понижува, да жртвува сè – кариерата и бракот кој оди во пропаст, само за да биде дел од оваа страсна и деструктивна врска со Ари. Соголување на телото, но и чувствата, книга која шокира со голотија во секој поглед.

Erotski-knigi-koi-ke-ve-shokiraat-02.jpg

Растењето на Лулу - Алмудена Грандес

Марија Луиза, која семејството нагалено ја нарекува Лулу е заведена од многу постариот пријател на нејзиниот брат, Пабло. Години подоцна повторно се среќаваат, таа е студентка, тој професор и ја бара за жена, воведувајќи во необични сексуални искуства.

Светот на Лулу ескалира, додека таа сонува за секс со учителката, го дели креветот со сопругот и трансвестит и спие со хомосексуалци. Што ќе стане со нејзиниот живот и каква е иднината на бракот и односот со ќеркичката Инес?

Erotski-knigi-koi-ke-ve-shokiraat-03.jpg

Килибар и свила – Неџма

Жената која пишува под псевдонимот Неџма со својата трета еротска книга повторно го шокира светот и читачката публика. Овојпат, во фокусот е Карим, израснат во Мароко, а подоцна прикажан во Париз, кој не знае ништо за љубовта. Низ страниците се појавува хероината Бедра од првата книга (Бадем), која ќе го земе под своја закрила.

Карим започнува отворено да раскажува за своите неуспешни љубовни и сексуални подвизи. Заедно започнуваат искрена и отворена дискусија за страста, љубовта и сексуалноста на арапскиот vs. западниот свет.

Erotski-knigi-koi-ke-ve-shokiraat-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги кои потврдуваат дека жената е најтврдото оревче Да се биде жена и мајка е најубавата и најтешката задача истовремено. Предизвици...
5 книги кои ќе ви прават друштво додека се сончате на плажа Летото е одлично време во рака да земете некоја книга со лесна содржина, наместо...
Топ 5 книги за опуштање на плажа Ако сте од оние кои на одмор сакаат да си дадат оддишка од сета сериозност и раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg