„Одбројување“, „Земјотрес“, „Апокалиса“ - 3 книги кандидати за Роман на годината

Во изборот за „Роман на годината 2017“ учествуваат 28 наслови, а денес ви претставуваме 3 кои исклучително го заслужуваат вашето внимание.

3-knigi-od-izborot-za-roman-na-godinata-01.jpg

Има некоја посебна убавина да се читаат книги оригинално напишани на мајчиниот јазик, а доколку сте од оние кои не преферираат македонски автори, време е да им дадете реална шанса.

Бидејќи навистина имаат што да понудат. Нека на вашиот следен список за читање се најдат:

Апокалипса.мк - Прља Бранко

Последната книга на Бранко Прља влегува во изборот за Роман на годината, по успехот кој го имаа претходниците „3 минути и 53 секунди“ и „1 час и 30 минути“.

Апокалипса.мк е роман за една дистопија или приказна за една реалност? Ви останува вам да откриете колку случки, настани и ликови ќе ги препознаете како дел од вашето секојдневие, што воедно ќе ве натера да анализирате дали станува збор за фикција или огледалото на една реалност?

3-knigi-od-izborot-za-roman-na-godinata (2).jpg

Земјотрес, 5:17 - Владимир Плавевски

Романот на Плавевски е тематски врзан со земјотресот на 26 јули 1963 во Скопје.

Авторот сликовито ја опишува катастрофата и ужасот предизвикан од природната непогода.

Иако станува збор за фиктивна приказна, таа сепак се потпира на многу веродостојни факти. Авторот како личен сведок на многу од настаните преточени во уметничка проза ја прават оваа приказна за деновите пред и по земјотресот сосема уверлива.

3-knigi-od-izborot-za-roman-na-godinata (3).jpg

Одбројување - Фросина Пармаковска

Со наратив типичен за оваа македонска авторка, Пармаковска го крева превезот зад животот на една млада жена заробена во брак со ментално нестабилен сопруг.

Низ нарацијата на главниот лик, полека ги откриваме нејзините најинтимни чувства, стравови, но и мали победи. Што ќе се случи до крајот? Ќе успее ли младата жена да се ослободи од светот исполнет со безумност и лудило?

3-knigi-od-izborot-za-roman-na-godinata (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава