Купувате купишта книги кои не можете да ги прочитате никогаш - дали страдате од „Цундоку“ синдромот?

Дали имате навика да купувате и трупате нови книги, иако имате купишта од претходно кои сè уште не ви се прочитани?

Dali-stradate-od-Cundoku-sindromot-01.jpg

Добре дојдовте во клубот. Според јапонската култура, вие страдате од синдромот „Tsundoku“, кој се употреба да опишете личност која поседува (пре)многу непрочитана литература.

Професорот Ендрју Герст кој предава на Универзитетот во Лондон, објасни дела терминот може да биде постар отколку што мислиме, односно може да се најде во печатењето уште во 1879 година, што значи дека веројатно се користел многу пред тоа.

Зборот „doku“ може да се користи како глагол кој значи „читање“. Според проф. Герст „tsun“ во „tsundoku“ потекнува од „tsumu“ - збор што значи „да се натрупа“.

Значи, кога се ставени заедно, tsundoku го има значењето на купување материјал за читање и натрупување на истиот.

Dali-stradate-od-Cundoku-sindromot-03.jpg

Фразата „tsundoku sensei“ се појавува во текст од 1879 година според писателот Мори Сензо, објаснува професорот Герст. Фразата е секако сатирична, за учител којшто има многу книги, но не ги чита“.

Иако ова може да звучи и да се користи како навреда, професорот појаснува дека зборот не носи никаква стигма во Јапонија.

Dali-stradate-od-Cundoku-sindromot-02.jpg

Дали ова друг збор за библиоманија?

Библиоманија е наслов на роман од 19 век од Томас Фрогнал Дибдин кој тврдел дека истражува „книжевно лудило“ - чин на неспособност да се престане со собирање на литература.

Според неговата дефиниција, оние што биле погодени од библиоманија биле опседнати со уникатни книги како што се првите изданија и илустрирани примероци.

Но, два века подоцна, терминот повеќе не означувал опсесија и според Oxford University Press, тој започнал да се дефинира како „страстен ентузијазам“ за собирање литература.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава