3 предлог книги, поразлични од сè што досега сте прочитале

Немате идеја што да прочитате, а сте во потрага по нешто доволно интересно и квалитетно кое ќе ви го задоволи окото, непцето, умот и душата?

Genij-vo-potraga-po-sovrsenoto-jadenje-01.jpg

Имаме три предлози за вас. Жанровски сосема различни, една автобиографија, уште една помешана со елементи на патепис и најубавата поезија на светот… без да се измачувате што да прочитате, одвојте време за сите три книги:

Јас сум гениј – Салвадор Дали

Во оваа ретка и мошне значајна автобиографија полека се крева превезот зад кој се крие еден од најгенијалните уметници на 20 век.

Салвадор Дали ги опишува своите животни и уметнички постапки, обидувајќи се да пронајде начин да ја изнесе својата ексцентричност на виделина.

Раѓањето, детството, младоста, каменото доба, тајниот живот на Дали, средбата со Гала и враќањето во Париз се само неколку од деловите во кои ќе уживате во оваа неверојатна книга.

Genij-vo-potraga-po-sovrsenoto-jadenje (1).jpg

Турнеја на готвачот: Во потрага по совршеното јадење – Ентони Бордејн

Готвењето и патувањето беа најголемата страст во животот на Бордејн. Поттикнат од прашањето – Кое е совршеното јадење, славниот готвач тргнува во потрага по кулинарскиот „свет грал“.

Турнејата на готвачот е хроника на голем број непредвидливи авантури, зачинета со хуморот и харизмата на Бордејн, кој уште еднаш потврдува дека најдобрите јадења не значи дека се кријат во најскапите ресторани низ светот.

Genij-vo-potraga-po-sovrsenoto-jadenje (3).jpg

Два света – Руми (превод на Тихомир Јанчовски)

Конечно пред нас го имаме најобемното и најамбициозното издание на македонски со поезијата на Џелалудин Руми, персиски филозоф и поет.

Руми вешто ги допира сите аспекти на човековиот живот на земјата–раѓање, љубов, паѓање, смрт… Речиси и да не постои тема која му е туѓа и за која не пишувал. Доколку треба да се опише со еден збор би рекле дека неговата тема е – животот.

„Внатре во оваа непозната љубов, умри. Твојот пат почнува на другата страна. Стани небо“.

Неговата поезија е мелем за душата, а оваа книга е вистински лек за неа.

Genij-vo-potraga-po-sovrsenoto-jadenje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Книги напишани од македонски новинари - три одлични викенд предлози Книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите ...

Најчитани неделава