Омилените книги на најголемите писатели на сите времиња

Големите писатели не кријат дека се воодушевуваат од работата на своите колеги.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-01.jpg

Многу познати писатели се инспирирале од други книги, а се мотивирале од работата на своите омилени автори.

Тргнете од себе, сигурно и вие верувате на препораките на луѓето кои ги цените. А, што може еден писател да цени повеќе отколку делата на оние кои им се пример во животот?

Ако некогаш сте се запрашале кои биле омилените писатели и книги на Набоков, Хемингвеј, Џ.Р.Р. Мартин или Бекет, еве ги одговорите:

Ернест Хемингвеј

Тој често препрочитувал една книга повеќе пати, а во неговата листа се нашле дела на Достоевски, Толстој, Емили Бронте и тоа „Ана Каренина“, „Оркански височини“, „Мадам Бовари“, „Војна и мир“, „Браќата Карамазови“ и „Даблинци“.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-02.jpg

Владимир Набоков

Авторот на познатата „Лолита“ ги обожавал „Метаморфоза“ на Франц Кафка, „Улис“ на Џејмс Џојс и „Пронајденото време“ на Марсел Пруст. Сите овие дела денес спаѓаат во богатата класична светска книжевност.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-03.jpg

Ф. Скот Фицџералд

Иако е автор на грандиозно дело како што е „Големиот Гетсби“, Фицџералд ги обожавал „Куќа за кукли“ на Хенрик Ибзен, психолошкиот роман „Црвено и Црно“ на Стендал, драмите на Оскар Вајлд, приказните на Ги де Мопасан и делата на Мери Шели.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-04.jpg

Семјуел Бекет

Најпознатиот автор на драмата на апсурдот, „Чекајќи го Годо“, бил повлечена личност, но многу сакал да дискутира за книгите. Најпофални зборови имал за „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, „Игра во 'ржта“ на Селинџер, „Странецот“ на Албер Ками и „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-05.jpg

Џ.К. Роулинг

Ја знаеме како авторка на серијалот „Хари Потер“, кој е вистински бисер на модерната книжевност. Меѓу книгите кои ја инспирираат секогаш ја истакнува „Ема“ на Џејн Остин, како и детската книга „Приказна за трагачите по богатства“ на авторката Едит Незбит, со која Роулинг често се поистоветува.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-06.jpg

Џ.Р.Р. Мартин

Мартин е автор на книжевниот серијал „Песна за земјата и огнот“, а воопшто не изненадува дека омилени книги му се Толкиновите „Господар на прстените“. Но, во неговата библиотека може да се најдат делата на Стивен Кинг, како и модерните трилери, меѓу кои и „Исчезната“ на Џилијан Флин.

omilenite-knigi-na-najgolemite-pisateli-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...

Најчитани неделава