Љубов, историја, мистерија – што би сакале да прочитате овој снежен јануари?

Што би можеле да правите на овие ниски температури? Најдобрата идеја ја имаме ние – удобно да се стуткате на топло и да поминете пријатно попладне или вечер со книга во рацете.

Sto-bi-sakale-da-procitate-ovoj-snezen-januari-01.jpg

Тоа е најдоброто нешто кај книгите, ви дозволуваат да патувате без да ги движите стапалата.

Па доколку сте подготвени за романтично, историско или мистериозно патување, ги имаме вистинските предлози за вас:

Сите твои совршености - Колин Хувер

Најновото дело на Хувер има потенцијал да стане вашата омилена романса. Квин и Грахам имаат совршена љубов, но не толку совршен брак. Тајните и грешките коишто ги направиле во минатото се закануваат да ги разделат после толку години, продлабочувајќи го јазот.

Единствената работа којашто може да ја спаси нивната врска и љубов, парадоксално, е токму онаа којашто ги довела на работ… Моќна, импресивна приказна за двајца несовршени луѓе кои се обидуваат да ја оживеат својата совршена љубов.

Sto-bi-sakale-da-procitate-ovoj-snezen-januari (3).jpg

Сапиенс – Јувал Ноа Харари

Импресивната „Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на повеќе од 30 јазици низ целиот свет. Над 500 страници се занимаваат со нас, луѓето, односно со човекот којшто живее денес. Пред 100.000 години на Земјата живееле најмалку 6 човечки видови.

Како нашиот вид победил во битката за доминација? Како нашите предци создавале и рушеле градови и кралства? Овие и многу повеќе одговори ќе ги пронајдете во „Сапиенс“ – книга за сите љубопитни и неуморни умови.

Sto-bi-sakale-da-procitate-ovoj-snezen-januari (2).jpg

Куферот од Берлин - Јелена Бачиќ Алимпиќ

Вера Милер е успешна адвокатка која живее во Берлин. Годината е 1992, а таа е позната по решавање на најкомплицираните случаи и влегување во трагата на луѓето кои се водат како исчезнати по падот на Берлинскиот ѕид.

Вера може да ги открие сите детали за туѓите животи, но никако не може да открие нешто повеќе за своите биолошки родители. Сепак, текот на нејзиниот живот се менува откако во нејзината канцеларија ќе влезе Ханс Бауер и ќе ја побара нејзината помош…

Sto-bi-sakale-da-procitate-ovoj-snezen-januari (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...

Најчитани неделава