Кога под кожата ти пулсира поезија - Мирјана Ивановска

Мирјана Ивановска е одличен пример дека примарната професија никогаш не те дефинира целосно како личност. Впрочем, така и треба да биде. Како најсложени суштества сме обликувани од стотици слоеви, а се чини дека кај оваа непоправлива сонувачка под кожата пулсира исклучиво поезија.

Mirjana-Ivanovska-poezija-01.jpg

Нејзината професија е економист, нејзината љубов – поезијата. Сепак, таа тврди дека не би се откажала од ниту една од двете љубови.

Ивановска има издадено 4 збирки поезија досега: Кружна љубов, Пепелашка во триесеттите, Вртелешка и последното поетско четиво Откинувања кое ја доживеа својата промоција на 16 февруари годинава во Музејот на град Скопје.

Нејзиното име не се експонира премногу во македонската современа поезија, што секако е вистинска штета. Но оние коишто ја читале, ја читаат, оние на кои Мирјана им е позната како автор, во рацете држеле мало непроценливо богатство од поетски низи.

Низ нејзините 4 книги се забележува апсолутно созревање низ години како автор, кое кулминира со последните „Откинувања“.

Mirjana-Ivanovska-poezija-02.jpg

Поезијата на Мирјана е генерално сецирање, дијагноза и триумф на љубовта. Ова особено се забележува во Пепелашка во триесеттите. Љубовта е едноставно кулминација на животот. Таа е бескомпромисна, не подразбира просто делење на време, сметки и леб на масата.

Вистинскиот партнер е оној поради кој ќе сакаш да станеш подобар, вистинит човек. Во денешното време, ова е можеби најтешкото нешто.

Mirjana-Ivanovska-poezija (1).jpg

„Невиноста не ја губиме кога телесно сме запознале некој друг. Невиноста ја губиме тогаш кога душата ќе ги ја украдат“.

Во Вртелешка, главната хероина Ема ве „врти“ низ еден животен циклус, во кој автентичноста се чини дека е најголемата награда која ќе ја извлечете од „прастарата неизбежност – животот“.

Со сите замки и препреки кои ги поставува тој, со сето морализирање и опсесизирање да се биде некој и нешто што го очекуваат споредните ликови, да се вклопиш во шаблонот на тажното општествено секојдневие во кое те уценуваат со стравот од осаменост, наместо љубовта да биде на цена.

Цена која ќе ја одредиш самиот, а Мирјана после бројката на етикетата очигледно става знак на бесконечност.

Откинувања е последното издание чиишто песни се преведени и на англиски јазик во вториот дел од книгата. Можете двојазично да го почувствувате шармот на поезијата, која изгледа дека совршено го соединува искажаното од претходните 2 збирки.

Mirjana-Ivanovska-poezija (2).jpg

Mirjana-Ivanovska-poezija (3).jpg

На крајот, со право ќе ја наречеме Ивановска поетеса. Поетесата не верува во идоли. Како што самата ќе изјави, многумина ги почитува, но не им се воодушевува слепо.

И секако, преферира друштво во коешто може пријатно да се одмолчи. Бидејќи понекогаш со тишината кажуваме многу повеќе за себеси. Зборовите се тука за да се пишува поезија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава