Книги кои ќе ја разбудат романтичната страна во вас

„Дали те сакам? Боже, ако твојата љубов е зрно песок, мојата би била универзум од песочни плажи.“ Доколку сте расположени да прочитате нешто љубовно, романтично, зачинето со страст и секс, тогаш за вас имаме 3 одлични предлози.

Knigi-koi-ke-ja-razbudat-romanticnata-strana-vo-vas-01.jpg

Есента е совршена за започнување одново, дозволете да се разбуди романтичната страна во вас:

Сурова љубов - Колин Хувер

Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, но двајцата се свесни дека тоа дефинитивно не е љубов на прв поглед. Единственото нешто во што се сигурни е меѓусебната привлечност. Тој не сака љубов, таа нема време за тоа. Им останува само сексот.

И нивниот договор е многу едноставен, само доколку Тејт успее да ги почитува единствените две правила што Мајлс ѝ ги поставува.

Knigi-koi-ke-ja-razbudat-romanticnata-strana-vo-vas (2).jpg

Последниот бакнеж - Лорелин Пејџ

Емили Вејборн не може да му верува на убавиот и опасен Рив Сали. Но, покрај него таа конечно може да биде она што е. Препуштањето на него е единственото нешто што ја држи закотвена додека целиот живот ѝ се распаѓа.

Сепак, Емили започнува да се сомнева во сè она што мислела дека го знае за пријателството и љубовта.

Knigi-koi-ke-ja-razbudat-romanticnata-strana-vo-vas (3).jpg

Љубов под маски - Хана Филдинг

Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во Шпанија и прифаќа да работи како биограф на еден познат уметник. Првиот ден во Кадиз таа запознава еден млад Ром по име Леандро.

Иако врските од овој вид се табу, тој го освојува нејзиното срце. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, воздржаниот, а сепак интригантен, Андрес де Калдерон.

Knigi-koi-ke-ja-razbudat-romanticnata-strana-vo-vas (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg