Нови книги совршени за есенските дождливи денови

Есента дефинитивно ни пристигна, а со неа и пониските температури и дождовите кои ни го отежнуваат седењето надвор. Но, и одморот дома има своја убавина.

Novi-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-01.jpg

Доколку сте од оние за кои совршената вечер подразбира топло ќебенце, чај или вино и добра книга, тогаш нашиот неделен избор на предлози за читање ќе ви биде од помош:

Тајна отсонувана во Истанбул - Нермин Јилдирим

Пилар и Ејуп живеат во Барселона и имаат навидум совршен живот во очите на другите. Зад затворените врати, тие се борат со сопствените и заедничките демони, додека бракот им „виси на конец“.

Еден ден Ејуп исчезнува од семејниот дом, токму тогаш кога Пилар мисли дека конечно ги надминале кризните, мрачни времиња. Таа е избезумена и очајна да го најде нејзиниот сопруг и да ја дознае причината за неговото ненадејно исчезнување.

Пилар дознава дека Ејуп заминал во Истанбул, па одлучува да оди таму и да ја продолжи потрагата. Пилар конечно ќе го запознае семејството на Ејуп, но не престанува да се прашува зошто тој никогаш не повел иницијатива да ја запознае со неговите најблиски, ниту пак самиот одржува некаков контакт со нив низ годините.

Novi-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi (1).jpg

Здивена - Марина Шур Пухловски

Ова е т.н. антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“. Пишуван во прво лице еднина како интимна исповед, со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна маѓепсаност, е состојба далеку од љубовта.

Дејството е сместено во ’70-тите години на минатиот век. Главната хероина потекнува од сиромашно семејство и се заљубува во колега од факултетот, целосно опиена од неговиот уметнички сензибилитет.

Но, тоа што на почетокот изгледа како идила, набргу се претвора во кошмар. Хероината МОРА да се ослободи од „затворот“ во кој ја турнале семејството, околината, традицијата, бајките… Мора да полуди.

Novi-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi (3).jpg

Шепкачот - Алекс Норт

Том Кенеди е млад човек кој останува вдовец. Тој смета дека нему и на неговото мало им е потребен нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк. Но, градот што го одбираат има мрачно минато.

Пред 20 години, во истиот град, убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.

Ноќта кога Том и Џејк се сместуваат во новата куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување потсетува на случаите на Френк Картер, иако тој е во затвор.

И тогаш, малиот Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…

Novi-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава