„Претседателот исчезна“ и уште 2 нови трилери кои ќе ве остават без сон


„Претседателот исчезна“ и уште 2 нови трилери кои ќе ве остават без сон

Добрите трилери имаат моќ да го заробат нашето внимание.

Pretsedatelot-iscezna-i-uste-2-novi-trileri-01.jpg

За таквите книги сме во состојба да се лишиме од сон, да заборавиме на ручекот, кафето, па дури и одењето во тоалет да ни претставува предизвик. Или да отидете до него со книгата во раце, на пример.

Ви нудиме 3 нови трилери кои ќе ве остават без сон. Пријатно ќе се изненадите кога ќе откриете кој е коавтор на првата книга:

Претседателот исчезна - Бил Клинтон и Џејмс Патерсон

Политички трилер каков што може да напише само претседател на САД. Претседателот исчезна. Целиот свет е во шок. Причината за неговото исчезнување е многу пострашна отколку што можете да замислите.

Комбинацијата на зачудувачките детали коишто можат да му бидат познати само на поранешен претседател на САД и неизвесноста каква што може да создаде само писател како Џејмс Патерсон, го креира најавтентичниот и највозбудливиот политички трилер на декадата.

Pretsedatelot-iscezna-i-uste-2-novi-trileri (2).jpg

Украдениот брак - Дијана Чејмберлен

1944 година – бремена, сама и преполна со вина, 23-годишната Тес де Мело не можејќи да живее во лага, одеднаш ќе се откаже од нејзината идна кариера како медицинска сестра и ќе стави крај на свршувачката со љубовта на нејзиниот живот.

Таа ќе отиде да побара помош од таткото на нејзиното дете и ќе се согласи да се омажи со него, преселувајќи се во еден мал и рурален град, Хикори, во Северна Каролина. Новиот сопруг на Тес, Хенри Крафт, е човек со многу тајни.

Pretsedatelot-iscezna-i-uste-2-novi-trileri (3).jpg

Немата пациентка - Алекс Мајклидис

Алисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука пет пати во лицето, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор.

Цената на нејзините уметнички дела вртоглаво расте, а таа е немата пациентка, скриена од таблоидите во психијатриско одделение во Лондон. Тео Фабер е психијатар кој многу долго ја чека можноста да работи со Алисија. Потрагата по вистината не му дава мир. Кој е мотивот зад свирепото злосторство на сликарката?

Pretsedatelot-iscezna-i-uste-2-novi-trileri (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсилните хероини од книгите, инспирација за секоја жена Најинспиративните, храбри и силни женски ликови кои сме ги запознале биле во стр...
3 нови наслови кои вреди да ги понесете на плажа Една од најубавите работи во летниот период е што денот е подолг и имаме повеќе ...
Топ 5 книги за опуштање на плажа Ако сте од оние кои на одмор сакаат да си дадат оддишка од сета сериозност и раб...

Најчитани неделава