5 задолжителни книги за читање доколку се чувствувате депресивно

Книгите се најдобриот лек против депресија. За промена, наместо лекови, доколку покажувате знаци на депресија едноставно може да посегнете по некоја книга, бидејќи се смета дека имаат позитивно терапевтско дејство.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno-01.jpg

Книгите имаат позитивно дејство врз психата и го подобруваат расположението.

Во секој случај немате што да изгубите освен негативните мисли, а ние составивме мал список со 5 задолжителни книги против тегоби и тага:

Четири спогодби - Дон Мигел Руис

Четири едноставни реченици, односно правилa и мудроста која се крие зад нив ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само) презирот.

Четирите спогодби се:

  • Секогаш одржувајте го зборот.
  • Не сфаќајте ништо лично.
  • Не правете претпоставки.
  • Секогаш направете сè што можете.

Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno (1).jpg

Предностите на еден молец - Стивен Чбоски

„Ја прифаќаме љубовта што мислиме дека ја заслужуваме“. Стивен Чбоски успеа да ни подари мало ремек-дело, роман кој ја разработува дилемата помеѓу пасивноста и страста.

Ова е приказна за растењето во периодот на средношколските денови, многу поинтимна од обичен дневник. Писмата на Чарли се уникатни, смешни и поразувачки.

Можеби не знаеме каде живее, кому тој му пишува. Сè што спознаваме е светот кој го споделува со нас… и сфаќаме дека секој од нас носи одредена доза на тага и болка и дека на крајот од денот сите сме луѓе и сите сме исти.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno (3).jpg

Во дивината – Џон Кракауер

Приказната за Кристофер Мекендлс ќе ви даде мотивација за нови нешта и ќе ве охрабри во моментите кога чувствувате дека сте на дното.

По дипломирање, 22-годишното момче решава да го напушти животот исполнет со удобност и привилегија и оди во дивина, во потрага по авантура, но пред сè, во потрага по себеси.

Четирите месеци во „Магичниот автобус“ се одлична школа за преживување и период на интроспекција за Крис. Можеби и вие ќе ја пронајдете сопствената.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno (5).jpg

Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт

Прекрасна приказна за една њујорчанка која уморна од модерното, монотоно секојдневие одлучува да тргне на патување кое ќе ѝ го промени животот. Една година надвор од дома таа ги доживува сите убавини на светот, пронаоѓајќи нова смисла на своето постоење.

Пиците од Неапол, посветеноста на монасите од индиските храмови, сончевите зраци на Индонезија ќе ги разбудат вашите копнежи по еден таков живот. Книга која отвора нови видици и предупредува дека никогаш не е доцна за преобразба и авантура.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno (2).jpg

Млеко и мед - Рупи Каур

Книгата „Млеко и мед“ од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс.

„Млеко и мед“ е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето.

Оваа книга ќе ве однесе на патување низ најгорчливите моменти во животот и пронаоѓањето на слатки нешта во нив - затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.

Knigi-za-chitanje-dokolku-se-cuvstvuvate-depresivno (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...

Најчитани неделава