Нови книги од македонски автори кои ќе ги активираат вашите мозочни клетки

Предноста на книгите напишани на нашиот мајчин, македонски јазик е тоа што можеме да бидеме сигурни во зборовите кои ги напишал самиот автор, непреиспитувајќи ги квалитетот и успешноста на преводот, како што е примерот со книгите од другите странски јазици или лектурата на истите.

Novi-knigi-od-makedonski-avtori-01.jpg

Доколку сте расположени да прочитате нешто интересно, квалитетно, длабоко и мудро, книги што ќе го анимираат вашиот мозок повеќе отколку обичните „лимонада-книги“ со сладникави краеви и површни приказни, ние ви ги предлагаме следните 3 нови изданија од современи, македонски автори:

Скиселени тикви - Саша Станишиќ

„Збирката куси-куси раскази „Скиселени тикви“ на Саша Станишиќ претставува исклучително компактно, зрело и умешно книжевно достигнување во македонската литература.

Во мини-расказите на Станишиќ животот живее книжевно! Без претерувања, без големи зборови, без драматични теми и личности, а животна, смешна и потсмешлива, задоволство за читање“.

novi-knigi-od-makedonski-avtori-koi-ke-gi-aktiviraat-vashite-mozocni-kletki-002.jpg

Молчи со отворена уста - Снежана Младеновска Анѓелков

По осумгодишна пауза од дебитантската книга „Единаесет жени“, Снежана Младеновска Анѓелков која се закити со наградата „Роман на годината“ на Утрински весник се враќа на книжевната сцена со нов роман заснован на вистинска приказна.

„Во него се внесени записи од реални документи и досиеја, а приказната е наративно обликувана во структура која сите овие записи од реалноста ги става во контекст на семејниот живот, даден преку перспективата на повеќе наративни гласови, а во чии рамки сите членови страдаат и созреваат“.

Novi-knigi-od-makedonski-avtori (1).jpg

Достоевски и Мекдоналдс – Венко Андоновски

Новата книга есеи од Венко Андоновски е збирка напишана во препознатливиот стил на авторот, низ кој провејува неговиот прониклив и (само) ироничен став кон работите.

Низ петте поглавја, насловени „Што е тоа бестселер“, „Тестирање на методот“, „Македонскиот роман“, „Македонската поезија“ и „Рускиот роман денес“, авторот се обидува да одгатне што се случува со книжевноста денес, кога за неа сè повеќе се зборува преку поимот „бестселер“.

Novi-knigi-od-makedonski-avtori (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg