3 совршено романтични книги за разгалување на срцето


3 совршено романтични книги за разгалување на срцето

Романтични, но не и патетични. За сите сонувачи, за сите кои обожаваат добри љубовни приказни, за вас имаме 3 книги коишто ќе ви ја исполнат душата и ќе ви го разгалат срцето.

3-sovrseno-romanticni-knigi-01.jpg

И да, ќе спиете малку поубаво вечерта откако ќе ја завртите последната страница на некоја од следните три книги:

Првата вечерна ѕвезда - Сузан Е. Филипс

Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен. 

Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен.

Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не.

3-sovrseno-romanticni-knigi (2).jpg

Анастасија - Колин Фалконер

Русинката Анастасија Романова потсетува на принцезата со исто име, за која се зборува дека успеала да ги преживее ужасите на кои било подложено кралското семејство.

Љубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

3-sovrseno-romanticni-knigi (1).jpg

Рецепт за осамени срца - Асли Перкер

Париз. Марк е човек што не знае да свари ни јајце. По смртта на сопругата, целосно се посветува на специјалитетите од француската кујна и успева толку совршено да приготви гала-вечера, што почнува да се чувствува енергијата на Клара.

Марк почнува да ја живее својата втора младост, запознавајќи ја Сабина. Чувствителна приказна, која ни покажува како мирисот и царството на добра храна може да ја победи осаменоста.

3-sovrseno-romanticni-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нови трилери кои ќе ве држат будни длабоко во ноќта Температурите надвор се совршени за топло чајче и добра книга. А зарем има поинт...
Книги со кои есента ќе ви започне совршено Време е за возбудливи наслови, а есента како следното годишно време на прагот е ...
Нема да ги испуштите од рака: 3 книги за ментален одмор Некои книги се како мед на разболено грло, тие ви ја греат душата и срцето и дол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg