3 возбудливи трилери чија напнатост расте од страница во страница

Дали сте подготвени за доза возбудливи трилери исполнети со загатка и адреналин? Речиси и не постои друг книжевен жанр кај којшто страниците се вртат „самите од себе“.

3-vozbudlivi-trileri-01.jpg

Напнатост која расте од страница во страница, ова лето задолжително одвојте време за:

Бегај – Харлан Кобен

Твојата ќерка е исчезната. Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.

Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.

Не размислуваш ни за момент. Ѝ приоѓаш, ја молиш да се врати дома. Таа бега. И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои.

Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.

3-vozbudlivi-trileri (1).jpg

Триптих – Карин Слотер

Мајкл Ормвуд е детектив кому бракот му виси на конец, а ароганцијата и експлозивниот карактер лошо му влијаат на кариерата.

Кога го повикуваат на едно место на злосторство во озлогласеното Грејди, се соочува со најгрозоморното убиство во целата негова кариера: девојка е најдена во локва крв, а целото нејзино тело ужасно искасапено.

Истрагата ќе му наложи да побара помош од Енџи Поласки, полицајка која му била љубовница пред да му стане непријател.

Набрзо ќе се покаже дека убиството кое е доволно шокантно и само по себе, не е изолиран случај, туку е едно во низа, па на тимот ќе мора да му се приклучи и специјалниот агент Вил Трент, човек кој детективот не може да го поднесе.

3-vozbudlivi-trileri (3).jpg

Без излез – Тејлор Адамс

Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.

Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува: Кое е тоа девојче? Зошто е киднапирано? Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?

Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете? И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?

3-vozbudlivi-trileri (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg