Трилери што ќе ви ја наежат кожата од напнатост

Доколку сте љубители на трилери кои ќе ве остават без сон и ќе ви ги кренат влакненцата на телото поради адреналинот и напнатоста, имаме три одлични предлози за вас.

Trileri-sto-ke-vi-ja-naezat-kozzata-01.jpg

Задолжително одвојте време за читање, бидејќи тоа е најдобрата храна за мозокот и најдоброто кино на светот:

Заклучи ги сите врати – Рајли Сејгер

По низата несреќи што ги доживува, без пари и без живеалиште, младата Џулс Ларсен добива шанса да работи како станар чувар на еден од апартманите во „Бартоломеј“, една од најгламурозните згради во Њујорк. Таму не се дозволени гости. Не е дозволено зборување со богатите или славните станари.

И тоа се само некои од правилата што Џулс треба да ги следи. Се спријателува со Ингрид, пргава сосетка, која неизмерно ја потсетува на нејзината исчезната сестра. Кога Ингрид ѝ се доверува дека „Бартоломеј“ има и друга, морничава страна, Џулс го припишува тоа на нејзината драматичност … сè додека Ингрид не исчезне.

Trileri-sto-ke-vi-ja-naezat-kozzata (3).jpg

Новиот сопруг – Д. Џ. Палмер

Кога нејзиниот сопруг исчезнува, Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги.

Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело. Таа случајно се сретнува со Сајмон Фич, наставник од училиштето на нејзината ќерка, Меги, и полека почнува повторно да наоѓа љубов, со надеж дека некогаш ќе успее пак да дојде до нормален живот.

Trileri-sto-ke-vi-ja-naezat-kozzata (2).jpg

Колера маало – Метин Качан

Исто и главниот лик во романот, Салих – Сила, авторот Метин Качан во 2013 година, на 51 година извршил самоубиство, скокајќи од еден мост на Босфор. Неговите дела се андерграунд реалност, преполни се со проститутки, наркомани, хомосексуалци, сексуални манијаци, религиозни фанатици, банди, малолетници – деликвенти, невини занаетчии, насилства, мачења, убиства.

Како што изјавувал и самиот Метин Качан, сатирично пишувајќи за ликовите што сам ги измислил, ја изгубил контролата над нивните животи и судбини… Голем дел од творештвото на Качан се поврзува со неговиот живот во сиромашниот кварт Долапдере (блиску до плоштадот Таксим).

Trileri-sto-ke-vi-ja-naezat-kozzata (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...

Најчитани неделава