Започнете ја новата година со три врвни трилер наслови исполнети со мистерија

Непредвидливи книги, зачинети со многу мистерија и одлично изградени ликови. Звучи примамливо, нели? За сите обожаватели на овој специфичен жанр имаме три нови, возбудливи наслови кои ќе ве остават будни во овие долги, ледени, зимски ноќи.

Tri-vrvni-triler-naslovi-01.jpg

Подготвени за мистерија? Започнете ја новата година со трилери од врвни, книжевни мајстори:

Убиецот со распетието – Крис Картер

Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сè уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години.

Tri-vrvni-triler-naslovi (1).jpg

Убиствата во Кингфишер Хил – Софи Хана

Фантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив! Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер Хил.

Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.

Tri-vrvni-triler-naslovi (2).jpg

Нож – Ју Несбе

Пред својот педесетти роденден, Хари Хуле живее како во најлошите времиња. Рахела, единствената жена која ја сакал, го исфрла од дома. Ја губи работата на Полициската академија и се враќа во Одделението за крвни деликти, но работи на стари, неважни случаи.

Згора на сè, серискиот силувач и убиец Свејн Фине излегува од затвор и се заканува дека ќе му се одмазди на тој што го пратил таму и кој во меѓувреме го убил син му.

Во своето алкохолно бунило, Хари очекува остварување на својот најголем кошмар – кобен напад на неговото семејство. И кога едно утро целиот во крв се буди од морничавиот мамурлак, сфаќа дека кошмарот станал реалност. Нож е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе.

Tri-vrvni-triler-naslovi (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три нови книги за Херкул Поаро, инспирирани од славниот детектив на Агата Кристи Три мистериозни случаи на убиство и во трите главен протагонист е славниот Херку...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Билјана, директорка на библиотека во Делчево: „Најмногу плачев на 'Белото циганче' - Кои 3 книги ми ... „Скоро и да не правам пауза со читањето, читам во континуитет. Во последно време...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава