10 најголеми книжевници на сите времиња чии дела претставуваат вистинско духовно издигнување

Литературата ги проширува нашите видици, едноставно, таа претставува уметност која ја храни нашата душа.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 01 630x330.jpg

Пишувањето е можеби најголемиот човечки пронајдок, пронајдок кој поседува моќ да ги поврзе луѓето што никогаш не се познавале и низ капка имагинација да создаде мост кој не познава граници.

Книгите го „кршат“ синџирот на времето. Тие се доказ дека преплетот на зборови навистина може да создаде магија.

Способноста за истражување и компонирање, а воедно и задоволувањето на читателите е навистина огромна задача.

Низ светот постојат култни автори кои зад себе оставиле многубројни дела, коишто денес претставуваат автентично литературно богатство.

Во продолжение ги издвојуваме 10-те најголеми книжевници на сите времиња и нивните најпознати, непроценливи дела:

1. Вилијам Шекспир

Овој автор претставува асоцијација за најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Како светски писател, со дела познати низ целата Земјина топка, ликот на Шекспир сè уште претставува мистерија.

Меѓу неговите најпознати и најпродавани дела се истакнуваат: „Хамлет“, „Отело“, „Магбет“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“.

Шекспир починал на 23 април, 1616 година. Поради овој великан на светската литература, УНЕСКО во 1995 година 23 април го прогласи за Светски ден на книгата.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanjе 02 630x380.jpg

2. Чарлс Дикенс

Чарлс Џон Хафем Дикенс е англиски класичар со многубројни ремек-дела позади себе.

„Посмртни записи на Пиквичкиот клуб“, „Оливер Твист“, „Николас Никелбај“, „Божиќна песна“, „Приказната за два града“ и многу други литературни обележја придонеле уште во 20 век, научниците и книжевните критичари да го признаат Дикенс за најголем книжевен гениј.

„Посмртни записи на Пиквичкиот клуб“ претставува неговиот прв славен удар во 1836 година, а во 1859 година „Приказната за два града“ станал неговиот најпродаван роман.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 03 630x380.jpg

3. Лав Николаевич Толстој

Лав Толстој е руски писател роден во септември 1828 година, а починал во ноември 1910 година.

Поради неговите дела: „Војна и мир“, „Ана Каренина“, „Смртта на Иван Илич“, „Царството Божјо е во тебе“, тој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња.

Толстој во своите романи го прикажува руското општество, приложува историски разоткритија во кои се наведуваат реални факти.

Неговата духовна длабочина достигнала висок дострел во 1870-ите години, кога тој основал движење против насилството и тежнеел за мир низ целиот свет.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 04 630x380.jpg

4. Хомер

За животот на овој гламурозен грчки поет светот знае навистина малку. Едно е сигурно, тој претставува симбол на историјата на античка Грција.

Најпопуларните дела на Хомер се легендарните епови „Илијада“ и „Одисеја“.

Неговата пишувачка техника достигнала врховно беспрекорство, така што повеќето писатели се обидувале да го имитираат неговиот уникатен пишувачки стил.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 05 630x380.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg