10 најголеми книжевници на сите времиња чии дела претставуваат вистинско духовно издигнување

6. Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски e руски писател со украинско потекло. Како романсиер и публицист, тој е рангиран меѓу најважните писатели во историјата.

Роден е на 11 ноември 1821 година во Москва, а починаl на 9 февруари 1881 година во Санкт Петербург.

Во својата младост, поради отворено спротивставување на рускиот царски режим, тој бил осуден на смрт, но пред егзекуцијата, тој бил помилуван и осуден на затворска казна во Сибир.

Неговото име стои на самиот врв меѓу најдобрите писатели како Шекспир и Сервантес. Достоевски се смета за основач на психолошкиот роман и претходник на егзистенцијализмот.

Негови најпознати дела се: „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Браќата Карамазови“, „Бесови“ и др.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 07 630x380.jpg

7. Данте Алигиери

Името на овој италијански поет, воедно и претставник на хуманизмот особено се истакнува по неговото маестрално ремек-дело „Божествена комедија“ , кое се смета за дијамант на светската литература.

Во доцниот среден век немало поголем и повлијателен поет од самиот Данте. Други познати негови дела се: „Нов живот“,„Гозба“, „За народниот говор“ и др.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 08 630x380.jpg

8. Mарк Твен

Семјуел Ленгхорн Клемeнс, попознат под својот псевдоним Марк Твен е еден од најистакнатите англиски писатели.

Светска слава стекнал благодарение на приказните за младински авантури, особено романите: „Авантурите на Том Соер“,„Принцот и питачот“,„Животот на Мисисипи“, „Јенки на дворот на кралот Артур“.

Твен патувал многу, користејќи ги набљудувањата и сознанијата од неговите патувања како материјал за неговите предавања и за пишувањето на неговите книги.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 09 630x380.jpg

9. Мигел де Сервантес

Мигел де Сервантес е шпански романописец и поет, воедно и автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевност, „Дон Кихот“.

Познатата „борба со ветерници“ на овој писател му донесе светска слава, така што тој ја продолжил приказната за славниот витез, а дополнително објавил 10 новели.

Покрај романот „Дон Кихот“, во два дела, Сервантес ги напишал и трагедијата „Нуманција“, пасторалната повест „Галатеја“, збирката „Поучни раскази“.

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 10 630x380.jpg

10. Френсис Скот Фицџералд

Франсис Скот Фицџералд e американски писател на романи и раскази, чие литературно дело може да се смета за парадигма на времето на џезот, термин кој тој самиот го создал.

Френсис е еден од великаните на американската литература од дваесеттиот век, член на брилијантната, таканаречена „изгубена генерација“ заедно со Фокнер, Ернест Хемингвеј, Томас Волф.

Живеел во период обоен со боемска и книжевна атмосфера, низ изразена космополитска визија.

Негови најпознати дела се: „Големиот Гетсби“, „Оваа страна на рајот“, „Приказни од времето на џезот“, „Последниот тајкун“ (кој не е довршен).

10-najgolemi-knizhevnici-na-site-vreminja-chii-dela-pretstavuvaat-vistinsko-duhovno-izdignuvanje 11 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg