Највозбудливата книга на Агата Кристи и уште 2 автобиографии чии страници брзо ќе ги „изгрицкате“

Има нешто особено интересно во автобиографиите, интимен портал низ душите и мислите на нашите омилени писатели. Преку овој тип на книги имаме чувство дека ги запознаваме токму онакви какви што навистина се.

Najvozbudlivata-kniga-na-Agata-Kristi-e-nejzinata-avtobiografija-01.jpg

Се вели дека највозбудливата книга на кралицата на мистериите, Агата Кристи, е токму нејзината автобиографија.

Доколку сакате да прочитате нешто возбудливо, интересно и веродостојно, ова е нашиот избор – 3 одлични автобиографии чии страници ќе ги „изгрицкате“ за брзо:

Агата Кристи: Автобиографија – Агата Кристи

Романот-мистерија на Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е нејзината сопствена автобиографија. Во текот на три децении по нејзината смрт на 12 јануари 1976 година, многу читатели и книжевни критичари на делата на Агата Кристи ова дело го издвојуваат како најинтересното, а сепак најмалку познато.

Нејзината веродостојна автобиографија, во најголем дел пишувана во шеесеттите години, скромно го игнорира фактот дека Агата веќе станала најпродаван автор на романи во историјата и се фокусира на нејзиниот фасцинантен приватен живот. 

Од раното детство кон крајот на ХIX век, преку два брака и две светски војни, како и нејзиното искуство како писател и како придружник на археолошките експедиции на нејзиниот втор сопруг, Макс Малован, Агата споделува детали од нејзиниот шарен и понекогаш комплексен живот со вистинска страст и отвореност.

Najvozbudlivata-kniga-na-Agata-Kristi-e-nejzinata-avtobiografija (2).jpg

Вистините во кои веруваме – Камала Д. Харис

Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

„Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави. 

Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“

Najvozbudlivata-kniga-na-Agata-Kristi-e-nejzinata-avtobiografija (1).jpg

А Пропо Ништо – Вуди Ален

Почнувајќи од детството во Бруклин и хонорарната работа како текстописец за забавната емисија на Сид Цезар, Ален ни раскажува за своите почетоци како стендап комичар, и патот до првите признанија и успеси.

Со неповторлива живост и енергичност, тој ни раскажува за филмовите и ја опфаќа целата своја исклучително плодна кариера, долга шеесет години, како сценарист и режисер, од своите класики како Ени Хол, Менхетен и Хана и нејзините сестри, до Полноќ во Париз.

Патем ни раскажува и за своите бракови, за љубовните врски и пријателствата со славни личности, за џезот и за своите книги…

Najvozbudlivata-kniga-na-Agata-Kristi-e-nejzinata-avtobiografija (3).jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg