Ново ремек-дело на мајсторот на психолошкиот трилер – Фицек, и уште 2 наслови кои ќе ви го украдат сонот

Себастијан Фицек, германскиот мајстор на психолошкиот трилер, се враќа со нова книга која освои обожавателите. Младата Клара е убедена дека ја следи маж кој претходно ја нападнал. И дека датумот на нејзината смрт го испишал со крв во нејзината спална соба.

Novo-remek-delo-na-majstorot-Ficek-01.jpg

Доколку сте подготвени за морничави, психолошки трилери кои нема да ги оставите додека не ја затворите и последната страница, тогаш задолжително мора да одвоите време за:

На пат кон дома – Себастијан Фицек

Сабота е, нешто малку по 22:00 часот. Јулс Танберг е на смена како волонтер во телефонската служба за жени кои бараат смирувачки глас на другиот крај на линијата за да ги придружува додека се враќаат накај дома доцна навечер или каде што се јавуваат во итни случаи.

Клара е преплашена. Таа е убедена дека ја следи маж кој веќе ја има нападнато еднаш претходно. Маж кој напишал еден датум на ѕидот во нејзината спална соба и тоа го напишал со крв. Датумот кога Клара ќе умре. А тој ден доаѓа за помалку од два часа…

Novo-remek-delo-na-majstorot-Ficek (2).jpg

Чук, чук – Андерс Рослунд

Пет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени животот на толку многу луѓе? А сè што сакаше беше да си ја испее „Среќен роденден“. Кога Еверт Гренс ќе влезе во станот во Стокхолм, останува зашеметен од смрдеата на расипана храна, но и на нешто многу пострашно.

Тоа што ќе го види ќе му остане длабоко врежано во сеќавањето. По речиси две децении, Еверт Гренс повторно ќе се најде во истиот стан. Некој се вратил да ја бара Зана. Гренс знае дека не смее да ја загуби трката со времето и мора да ја најде пред таа да биде убиена.

Novo-remek-delo-na-majstorot-Ficek (1).jpg

Една мала грешка – Ема Куртис

Вики Сигрејв е благословена: три убави деца, успешен и доминантен сопруг, одлични пријатели и работа што ја сака. Кога таа носи одлука во дел од секундата, со која ризикува сè што ѝ е скапоцено, постои само една личност на која таа ѝ верува доволно за да ѝ се довери.

Но, Вики ќе сфати дека е доволна само една грешка за да изгуби сè. Ако сте невнимателни со оние што ги сакате, не заслужувате да ги имате…

Novo-remek-delo-na-majstorot-Ficek (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...

Најчитани неделава