Три моќни книги кои целосно ќе ви го сменат животот и начинот на размислување

Во „морето“ на модерни самопомагачки книги, мора да признаеме дека дел од нив се издвојуваат по идејата и начинот на којшто се напишани.

Tri-mokjni-knigi-koi-celosno-ke-vi-go-smenat-zivotot-01.jpg

Можеби имате одбивност кон овој тип на книги, но бидете сигурни дека следните три го заслужуваат вашето време и внимание и имаат потенцијал целосно ќе ви го сменат животот и начинот на размислување.

Дадете им шанса, нема да се покаете:

Атомски навики – Џејмс Клир

Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.

Ќе научите како: да најдете време за нови навики; да го надминете недостигот на мотивација и на волја; да ја промените својата околина за да бидете поуспешни; да се вратите на патот кога ќе скршнете од него…

„Атомски навики“ ќе го преобликуваат начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги дадат потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики.

Tri-mokjni-knigi-koi-celosno-ke-vi-go-smenat-zivotot (2).jpg

Уметноста на создавање спомени – Мајк Викинг

Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад себе никаква трага, а некои ги помниме засекогаш. Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо искосена трева на совршен летен ден?

Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени. Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме.

Tri-mokjni-knigi-koi-celosno-ke-vi-go-smenat-zivotot (1).jpg

Внатрешен инженеринг – Садгуру

Во својата моќна и трансформативна книга, лидерот на мислата, визионер, филантроп, мистик и јогин Садгуру раскажува за сопственото будење, од момче со невообичаен афинитет кон природата до смел млад авантурист што го поминал индискиот континент на својот мотор.

Тој раскажува за моментот на своето просветлување на еден планински врв, и за патот до постигнување апсолутна благосостојба, патот што го издржал тестот на времето: класичното знаење на јогата.

Tri-mokjni-knigi-koi-celosno-ke-vi-go-smenat-zivotot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...

Најчитани неделава