Куртизаната и Самурајот

kurtizanata-i-samurajot-povekjeНашиот избор за книга на оваа недела е КУРТИЗАНАТА И САМУРАЈОТ од Лесли Даунер. Јапонија, 1868 година. Последниот шогун е поразен и започнува...


...времето на царевите. Меѓутоа, на студениот север на Јапонија, мала група воини, очајнички го пружаат последниот отпор...

Хана имала седумнаесет години кога нејзиниот сопруг заминал во војна и ја оставил незаштитена. Бегајќи од непријателската војска, Хана доаѓа во разурнатиот Токио и пронаоѓа засолниште во озлогласениот град Јошивара. Таму доспева во еден бордел и станува куртизана.

Јозо, авантурист и одличен мечувалец, се враќа во Јапонија по шест години минати во странство и открива дека земјата која одамна ја напуштил, длабоко е разорена.

Патува на север, со желба да им се придружи на бунтовниците, но се соочува со непријателската војска. Бидејќи успева да побегне од заробеништво, Јозо сфаќа дека единствениот спас може да го пронајде во местото каде што секој човек е надвор од законот - во Јошивара.

Таму, во градот без соништа, во кој живеат три илјади крутизани, бегалецот Јозо ја сретнува преубавата Хана.

Меѓутоа, и обајцата сокриваат страшни тајни, тајни кои можат да ја загрозат не само нивната љубов, туку и нивниот живот...

kurtizanata-i-samurajot

Во соработка со издавачката куќа „Просветно Дело“ еднаш во неделата наградуваме по еден од вас.

Која е вашата задача?

Испратете ни го вашиот предлог со книга која би ја препорачале на нашите читатели со краток опис зошто на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Добитникот ќе биде објавен во Петок 29.07.2011.

Добитник на книгата „КУРТИЗАНАТА И САМУРАЈОТ“ од Лесли Даунер е Славица Илиевска. Книгата може да се подигне во книжарата Просветно Дело 2, во Скопје - центар, во редот на Малага!

Би можело да ве интересира:

Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
Мелиса од Скопје: „Имам 150 книги, цртам бележници според кориците - кои се моите 3 омилени трилери?... „Нешто што почна како хоби, прерасна во голема љубов и уште поголема домашна биб...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
3 интересни книги за на плажа, што ќе ги прочитате во еден здив Додека се криете од сонцето под сенката на чадорот за сончање, прочитајте една о...
Промоција на книгата „Маги - Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ Книгата „Маги - Како да беше некогаш“ е интимно и искрено сведоштво за животот, ...
3 книги за фатална љубов, кои ќе ве вратат во времето на најголемите книжевни класици Фатална љубов за мажена жена и младиот љубовник, приказна за скептичен 40-годише...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg