Три македонски книги кои секој читател треба да ги има во домашната библиотека

„Куќата без книги е како соба без прозорци.“ Доколку сакате вашиот дом да биде осветлен, преполн со мудрост и знаење, а особено доколку се нарекувате вистински читател и вљубеник во добрите книги, задолжително треба да имате многу парчиња од домашната литературна сцена.

Tri-makedonski-knigi-vo-domasnata-biblioteka-01.jpg

Не би ве советувале да се задржите на скромната бројка три, но добро е да започнете со овие бесценети парчиња литературна уметност кои задолжително треба да ги имате во домашната библиотека:

Избрани драми – Горан Стефановски

Денес е одлично време повторно да се прочита Горан Стефановски. Овој драмски избор (Диво месо; Лет во место; Хај-фај; Дупло дно; Баханалии и Демонот од Дебар маало) и овој текст – Одблизу и отпосле, се обидува да му оддаде почит и да му даде љубов на авторот Горан Стефановски, но и да им предизвика интерес за неговите драми на новите генерации и читатели и актери и драмски автори и режисери, ученици и студенти, вљубеници во театарот.

Tri-makedonski-knigi-vo-domasnata-biblioteka (2).jpg

Папокот на светот – Венко Андоновски

Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В. - на кој се надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот).

Првата книга напишана на псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во „Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги пресликува случувањата од првиот дел.

Tri-makedonski-knigi-vo-domasnata-biblioteka (3).jpg

Резервен живот – Лидија Димковска

„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност.

Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 година од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја.

Tri-makedonski-knigi-vo-domasnata-biblioteka (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...

Најчитани неделава