Три нови трилери кои добро ќе ве „оладат“ на жешката плажа

Се подготвивте ли за одмор? Дали спакувавте и некоја книга?

Tri-novi-trileri-koi-dobro-ke-ve-oladat-na-zeskata-plaza-01.jpg

Доколку немате идеја што да понесете, а сакате да прочитате нешто возбудливо, со брзо дејствие и многу пресврти, ви ги препорачуваме следните три нови трилери кои добро ќе ве „оладат“ на јакото сонце:

Свети ереси – Лиза Макинерни

Рајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката е умрена, а татко ти е алкохоличар. Никој не вели дека Рајан е глуп. Ниту зад неговиот грб.

Проблемот е во луѓето што го опкружуваат. Водачот на бандата го користи неговиот татко како „чистач“.

Сосетката тврди дека само сака да помогне, но можеби сака нешто повеќе од тоа.

Проститутката бара човек за кој никогаш не претпоставувала дека ќе ѝ недостасува сè додека една ноќ тој не исчезна без трага…

На страната на Рајан е само неговата девојка Карин. Ако и неа ја испушти, останува сосема сам.

Tri-novi-trileri-koi-dobro-ke-ve-oladat-na-zeskata-plaza (1).png

Злотвор – Крис Картер

Ако тој мисли на вас – мртви сте. Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години.

Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува? Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овојпат тие се принудени да побараат надворешна помош.

Tri-novi-trileri-koi-dobro-ke-ve-oladat-na-zeskata-plaza (1).jpg

Патасана – Ахмет Умит

Археолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи напишани пред 3000 години. Со нив почнува возбудливата приказна за животот на Патасана, главниот дворски писар, но почнуваат и – убиствата.

Под раководства на Есра, екипата од археолози ги вадат плочите, кои се најстарите пишани извори на светот и раскажуваат епизоди од животот на Патасана.

Наоѓалиштето е на само дваесетина метри од Црниот гроб, кој мештаните го сметаат за свето место. Мудриот старец од селото е убиен, а селаните го толкуваат тоа како проклетство бидејќи се нарушува мирот на Црниот гроб.

Tri-novi-trileri-koi-dobro-ke-ve-oladat-na-zeskata-plaza (2).png

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава