3 жешки романси кои ќе ја разгорат возбудата и страста во бракот или врската

Температурите се во пораст, но можеби страста и либидото во врската ви одат во надолна линија.

3-zeshki-romansi-knigi-01.jpg

Овие 3 жешки романси дефинитивно ќе ги ја разгорат фантазијата. Возбудата нема да изостане, па инспирирајте се на смели и романтични потези ова лето:

Договорот – Ел Кенеди

Хана Велс конечно наоѓа некој кој ја возбудува. Но и покрај тоа што е многу самоуверена на секое друго поле во нејзиниот живот, носи огромен товар кога станува збор за сексот и заведувањето.

Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој ѝ се допаѓа, ќе мора да излезе малку од својата комфор зона и да го натера да ја забележи.

Животната желба на Гарет Грахам е професионално да игра хокеј по дипломирањето, но расипаниот просек на неговите оценки претставува закана за сè за што напорно се трудел цел живот.

Но кога еден неочекуван бакнеж води до најлудиот секс во нивните животи, Гарет брзо сфаќа дека нема да се задоволи со преправање и глумење. Едноставно мора да ја убеди Хана дека човекот што го бара е тој.

3-zeshki-romansi-knigi (3).jpg

Ослободени – Џејмс, Е. Л.

Поканети сте на свадбата на деценијата на Кристијан Греј и Анастасија Стил. Но, дали тој е скроен за брак?

Татко му не е сосема сигурен, брат му сака да организира луда ергенска забава, а неговата свршеница одбива да вети дека ќе му се покорува.

Секој брак си носи свои предизвици. Страста еден за друг гори пожешко и подлабоко од кога било, но пркосниот дух на Ана продолжува да ги буди најмрачните стравови на Кристијан и ја става на тест неговата потреба за контрола.

Кога двајцата ќе се најдат загрозени од стари ривалства и гнев, една погрешна процена се заканува да ги распарчи. Може ли Кристијан да ги надмине кошмарите од детството, и маките од младоста и да се спаси?

3-zeshki-romansi-knigi (2).jpg

Егзибиционистот – Тара Сју Ми

Колку далеку може да оди вистински потчинетата романса? Аби и Натаниел ги шират своите ограничувања како што продолжува најпродаваниот серијал на Њујорк Тајмс.

Кога Аби Вест ги открива своите желби како потчинета одеднаш се чувствува како да е повторно родена. Но во последно време нејзиниот доминантен сопруг не е оној Господар којшто и ја исполнува секоја нејзина страст. Аби наскоро почнува да мечтае за нешто друго.

3-zeshki-romansi-knigi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...

Најчитани неделава