„Љубовта трае 3 години“ и уште две книги кои ќе ви ги отворат љубовните хоризонти

Што (не) е љубов и дали ги знаете петте јазици на љубовта? И дали навистина љубовта трае три години? Таа е насекаде околу нас. Изразена во сите форми и на сите начини. Секој ја обликува на свој начин, различно ја опишува, својствено за себе ја доживува. Имаме 3 читачки предлози за вас на оваа тема. 

ljubovta-trae-tri-godini-i-uste-dve-knigi-koi-ke-vi-gi-otvorat-ljubovnite-horizonti-01.jpg

Не пропуштајте да прочитате некоја од следниве книги, на тема љубов:

Што (не) е љубов? - Ана Бучевиќ

Ова дело ќе ви даде психолошки осврт на љубовта за која нема конкретна дефиниција, но за сè она што ја поврзува и за сè од кое е составена, треба многу повеќе од објаснување.

Со конкретни примери ќе запловите во водите на љубовта и она што сметаме дека е љубов, а всушност не е, како се одразува на нас самите и на нашата релација со луѓето околу нас.

Ќе ви ги прошири размислувањата и ќе ви даде насоки како да ја зголемите самодовербата, да работите на себе, самопочитта, што понатаму ќе ви се одрази на подобрување на односите со своите блиски: партнерот, семејството, пријателите, колегите на работа.

ljubovta-trae-tri-godini-i-uste-dve-knigi-koi-ke-vi-gi-otvorat-ljubovnite-horizonti-02.jpg

Петте јазици на љубовта - Гери Челмен

Човек лесно се вљубува. Но, да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за среќна врска откако ќе помине љубовниот занес?

Бестселерот број 1 според Њујорк Тајмс, „Петте јазици на љубовта” се фокусира на преобразба на партнерите и ја обратува љубовта корелација.

Брачниот советник д-р Чепмен преку практични примери има создадено свој водич за долговечна љубов, пристап за побогата интимност, начин како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и да ја открие моќта на вистинските зборови и дела.

Низ читањето на ова дело ќе се запрашате што е она што го барате во себе и во партнерот, како да сакате, да делите и да проширувате? Да го совладате јазикот на љубовта и моќта на вистинските зборови и дела.

ljubovta-trae-tri-godini-i-uste-dve-knigi-koi-ke-vi-gi-otvorat-ljubovnite-horizonti-03.jpg

Љубовта трае три години - Фредерик Бегбеде

„Па, зошто човек да мисли кога е среќен? Од премногу размислување станувате тажни; а треба да му се препуштите на животот“ - моќен цитат од четивото на Фредерик Бегбеде кое ќе ве тресне од земја и ќе ве натера да погледнете од малку поинаква перспектива.

Со доза на скептицизам е опишана првата совршена година од вашата врска, љубовниот занес, сончевите утра и леснотијата на предизвикот наречен љубов. Веќе втората година е опишана како клучната година која менува сè.

Кога се идентификувате со партнерот, водите сè помалку љубов, и сметате дека сè повеќе се приврзувате за парнерот, а всушност ситуацијата ви се лизга од раце.

Третата година ќе ја оставам на сите љубители на книгата кои ќе решат да се почестат со оваа содржина. Дава поинаква смисла на нештата и ќе ве натера и вие самите да се замислите и да воочите која година ја живеете вие со вашиот партнерот.

ljubovta-trae-tri-godini-i-uste-dve-knigi-koi-ke-vi-gi-otvorat-ljubovnite-horizonti-04.jpg

 М. У. Т. | Црнобело / фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

Три нови наслови кои вреди да ги понесете на плажа со себе Летните одмори сè уште се во тек, а тоа значи физичка но и ментална релаксација ...
3 страсни љубовни романси од кои срцето ќе ви зачука посилно Пролетта е сезона на будење на природата, но и она што длабоко заспало во луѓето...
Три нови трилери кои добро ќе ве „оладат“ на жешката плажа Се подготвивте ли за одмор? Дали спакувавте и некоја книга? Доколку немате идеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg