Лектири кои нè мрзеше да ги читаме, а кога пораснавме ни донесоа животни поуки

Ретко кој беше љубител на пишаниот збор додека бевме деца. Можеби едноставно лектирите и делата кои беа и сè уште се дел од образовната програма бараа одредена зрелост за да се осознае суштината. 

lektiri-knigi-koi-ne-mrzese-da-gi-citame-a-potoa-ni-donesoa-zivotni-pouki-01.jpg

Во продолжение нешто повеќе за пораката што ја носат и животните поуки кои ги осознаваме додека растевме и созревавме.

„Крпен живот” – Стале Попов

Крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век е отсликан низ приказната за типично селско семејство. Приказ на начинот на живеење и обичаите од мариовскиот крај, традицијата и семејните вредности.

Столбот на едно македонско семејство – жената во улога на мајка и домаќинка, пожртвуван пандан на македонското општество што на својот грб го носи товарот на целата куќа – од чистење и готвење, перење и пеглање.

Низ призмата на жената се отсликуваат главните одлики на домот и семејството, грижата за убава иднина за своите деца.

Сиромашниот живот се отсликува во старите алишта кои пожртвувано ги носи, додека се грижи сите во домот да се сити, облечени и задоволни.

Патријархално воспитани, со почит кон мажот како глава на семејството. Но, и доволно еманципирана да знае дека своите деца сака да ги образува, што понатаму е зачеток на образованието во Мариово.

Компаративна приказна која ви го отсликува минатото, за сметка на иднината и навестува промени во животот на секоја жена и семејство.

lektiri-knigi-koi-ne-mrzese-da-gi-citame-a-potoa-ni-donesoa-zivotni-pouki-02.jpg

„Епот за Гилгамеш”

Приказна за животот. За бесмртноста и желбата за вечност. За вечниот подарок од Боговите – животот кој колку и да сметаме дека е долг, сепак е прекраток и трае само миг.

За вистинското пријателство и болката која се создава кога губиш ближен. За стравот од смртта и желбата за бесмртност.

Овој еп ќе ве натера да го цените животот, убавините на секој нов ден, да се помирите со смртноста и да бидете благодарни за секој престоен ден што го имате.

lektiri-knigi-koi-ne-mrzese-da-gi-citame-a-potoa-ni-donesoa-zivotni-pouki-03.jpg

„Чичко Горио“ – Оноре де Балзак

За семејството како најважен сегмент на човечкото општество.

За родителите кои ја обезбедуваат иднината на своите деца и балансот кој треба да се направи во воспитувањето на децата, границите кои треба да се постават. За скромноста која секој родител треба да ја пренесе на своите деца.

Поговорката „Без татко пола сирак, без мајка цел сирак” е тематика која се провлекува низ кулисите на оваа приказна.

Недостигот на мајка и мајчина љубов се одразува кај децата во оваа приказна, па таткото како пожртвуван родител ги преоѓа сите граници на нормалното, создавајќи од своите деца неблагодарни и бескрупулозни деца што не ги ценат родителите.

lektiri-knigi-koi-ne-mrzese-da-gi-citame-a-potoa-ni-donesoa-zivotni-pouki-04.jpg

„Хамлет”- Вилијам Шекспир

„Да се биде или не” – познатата реплика од ренесансното дело кое поттикнува длабоки размислувања за животот и смртта, религијата и задгробниот живот.

За недостигот од мајчина љубов која се претвора во омраза, за фингираното лудило поттикнато од гнев и бес, наспроти чистата љубов кон саканата и истовремено желбата за одмазда.

За личните дилеми и внатрешни колебања и за борбата за убаво општество сè уште познато меѓу народот со репликата „Нешто е труло во државата Данска” – приказ на тогашното данско општество со измешани семејни вредности, лоша власт, гнил поредок.

Трагичната повест која ветува дека во светот постои достоинство и чесност, каде победува човечноста и љубовта.

lektiri-knigi-koi-ne-mrzese-da-gi-citame-a-potoa-ni-donesoa-zivotni-pouki-05.jpg

 М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg