Три напнати и брилијантни трилери поради кои ќе го игнорирате телефонот

Дали ви се случило толку многу да се внесете во читањето на некоја книга што дури сте заборавиле да јадете или да се напиете нешто?

Tri-napnati-brilijantni-trileri-01.jpg

Неверојатната содржина на овие три напнати, но брилијантни трилери ќе ве натера да ги исклучите сите гласови и звуци околу себе, вклучувајќи ги и известувањата од телефонот:

Злотвор – Крис Картер

Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку 25 години.

Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува? Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош.

Tri-napnati-brilijantni-trileri_3.jpg

Манипулант – Јуси Адлер-Олсен

Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров.

„На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта.

Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот.

Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените.

Tri-napnati-brilijantni-trileri_1.jpg

Признание – Џо Спејн

Една ноќ, непознат маж влегува во луксузниот дом на познатиот банкар и тајкун Хари Макнамара и неговата жена Џули.

Непознатиот, го претепува Хари додека згрозената Џули сето тоа само го набљудува, скаменета од страв.

Речиси неполн час после нападот, ЏП Карни, се предава на полицијата. Признава дека до смрт го претепал Хари, но тврди дека нападот не е смислен претходно и дека не го знаел името на жртвата.

Со оглед на тоа дека станува збор за озлогласениот банкар Хари Макнамара, детективите не можат, а да не се запрашаат, дали е навистина случаен чин на насилство или е поврзан со еден од многубројните гревови на Хари: корупција, себичност, прељуби, предавство.

Tri-napnati-brilijantni-trileri_2.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава