„Добри вибрации, добар живот” и уште 3 книги за позитивно расположение

Кога мислиш дека сите бродови се потонати и немаш мотивација за напред, време е за добра книга која ќе ти го подобри расположението или како што умеел да каже Пол Свини – „Знаеш дека си прочитал добра книга кога ја вртиш последната страна и чувствуваш како да си изгубил пријател”.

dobri-vibracii-dobar-zivot-i-uste-nekolku-knigi-za-pozitivno-raspolozenie-01.jpg

Во продолжение 4 предлог книги за позитивно расположение и подобрување на животот:

„Животот е краток, направете го величествен” – Дејл Карнеги

Оваа книга ќе ви го подобри расположението и ќе ви даде моќ како да ги надминете неволјите и предизвиците, како да постигнете среќа, хармонија, здравје и просперитет.

Ќе ве подучи како да комуницирате со луѓето, како да работите на својата позитива и харизма, како да ги контролирате своите емоции и како да се справите со комплицирани и тешки луѓе.

dobri-vibracii-dobar-zivot-i-uste-nekolku-knigi-za-pozitivno-raspolozenie-02.png

„Завршете со позитивна нула” – Бил Перкинс

Работите, создавате и трошите, за на крајот сè што сте потрошиле да биде вашиот живот. Kако би се чувствувале ако сè што сте правеле во животот, било по нечии други насоки?

Практичен водич за вашите незаборавни искуства.

Без оглед на вашата возраст, оваа книга ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.

dobri-vibracii-dobar-zivot-i-uste-nekolku-knigi-za-pozitivno-raspolozenie.jpg

„Моќта на позитивното мислење” – Норман Винсент Пил

Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

Една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци.

Прирачник за позитивната енергија, која ве води низ примери на исполнет, здрав и вреден живот. Како да си го најдете душевниот мир, да верувате во себеси и во сè што правите, да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

dobri-vibracii-dobar-zivot-i-uste-nekolku-knigi-za-pozitivno-raspolozenie-04.png

„Добри вибрации, добар живот” – Векс Кинг

Како да научите вистински да се сакате? Како да ги претворите негативните емоции во позитивни?  

Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека заслужувате подобро, и работењето да го постигнете тоа.

Најдолгата врска што ја имате во животот е онаа со самите вас, па внимателно градете ја.

Ако го промените начинот на кој мислите, зборувате и дејствувате, ќе почнете да го менувате светот. Зашто зборовите можат да повредат, но можат и да излечат. Обидете се, нема да погрешите.

dobri-vibracii-dobar-zivot-i-uste-nekolku-knigi-za-pozitivno-raspolozenie-05.png

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
5 одлични дела без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2026 Кои книги вреди да си ги набавите од годинешниот Саем на книга? Иако изборот е о...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава