Македонскиот бенд BDM првпат ќе настапи на EXIT во Нови Сад

„Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат момците Бане, Мартин и Дуле, членовите на BDM.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-01.jpg

Македонскиот бенд BDM на 8 јули 2023 (сабота) ќе настапи на еден од наголемите светски музички фестивали, EXIT.

Ова ќе биде прв настап на BDM во Нови Сад, а сцената ќе ја делат со некои од најголемите имиња на светската електронска музика.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-04.JPG

Тие ќе се претстават со музиката од албумот State of Mind, кој го промовираа пред крајот на 2022 година, а ексклузивно на настапот на Петроварадинската тврдина ќе ја промовираат и новата песна Synapsis.

„Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат Бане, Мартин и Дуле.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-03.jpg

Освен што ќе настапат на EXIT, BDM се во преговори и за настап на неколку фестивали низ Европа.

Тие веќе подготвуваат материјал за нивниот следен албум, а истовремено работат и на соло музички проекти и неколку соработки со артисти од земјава и регионот.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-02.JPG

Погледнете го видеото од нивниот албум снимен во „Пошта“:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...
Најновиот ремикс на Владимир Четкар и диџејот Доктор Пакер се најде на врвот на листите на светските... Најновата соработка на Владимир Четкар е со Доктор Пакер, кој моментално е еден ...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...
Тамара Грујеска со нова песна - „Срце знае сè“ После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior,и многуте освоен...
Модус бенд со нов ексклузивен видео спот „Џабе бараш утеха“ Македонскиот бенд Модус ја претставува својата најнова музичка приказна – песнат...

Најчитани неделава