Ѕвона, детски хор и празничен ритам: Павле Камилоски со нова новогодишна песна

Со новата новогодишна песна „Иде Нова Година”, Павле Камилоски претстави музичко издание кое ќе ја заживее празничната атмосфера во нашите домови и ќе ни ја разбуди радоста во срцата.

dzvona-detski-hor-i-praznichen-ritam-pavle-kamiloski-so-nova-novogodishna-pesna-001.jpg

Песната, чија музика ја пишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот Ксенија Николовска, ја носи магијата на празниците создавајќи уникатен музички пејсаж.

Веселите ѕвона, дечињата кои пеат во хор и мелодичниот глас на Камилоски создаваат хармонија која нежно ја води душата во светот на новогодишните желби и радости.

Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха.

dzvona-detski-hor-i-praznichen-ritam-pavle-kamiloski-so-nova-novogodishna-pesna-02.jpg

Малите славејчиња од детскиот хор “Крешендо” под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска, ја внесоа празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост.

“Иде Нова Година” не е само музички спектакл, туку и потсетник дека Новата Година е време на нови почетоци, нови надежи и соништа кои се остваруваат.

Ова е песна која ќе стане омилена во сите домови, носејќи ја радоста и празничната магија во срцата на сите нас.

Слушнете ја новата песна на Павле Камилоски:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...

Најчитани неделава