Александар Тарабунов има нова песна: „’Заедно’ е за љубовта што не се предава“

Понекогаш, животот нè одведува по различни патишта. Луѓето се губат во времето, во изборите, во тишината меѓу зборовите. Но вистинската љубов… таа секогаш го наоѓа патот назад.

aleksandar-tarabunov-ima-nova-pesna-zaedno-e-za-ljubovta-shto-ne-se-predava-01.jpg

Со новата песна „Заедно“, Александар Тарабунов Тара ја раскажува токму таа приказна за љубовта што преживува сè, љубовта што не заборава и љубовта што нè спојува, без разлика на времето или растојанието.

Музички инспирирана од ретро стилот на 50-тите, со модерен дух и вокал, „Заедно“ не е само песна, таа е носталгија, вистина и надеж во едно.

Во видеото, Тара се појавува во стил на Елвис, со жив бенд и сцена што нè носи во едно друго време кога љубовта се пееше со цело срце, а музиката се чувствуваше со цело тело.

„Оваа песна не бара да ја слушнеш, таа бара да ја почувствуваш. За сите што некогаш биле „разделени“, но знаат дека вистинската љубов секогаш ќе победи. За оние што веруваат во ‘Заедно’,“ - вели Тара.

Музиката, текстот аранжманот, продукцијата и режијата се на Александар Тарабунов, а спотот го изработи Владислав Гавриловски.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Нова песна од Александар Тарабунов - „Љубов“ е вуклан од емоции и сведоштво за зрелоста на еден авто... Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабуно...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава