Галоски со нова трака - Дејвид Гета ја пушташе неколку часа по промоцијата

Глобалната диџеј ѕвезда и еден од најголемите хитмејкери на денешницата, Дејвид Гета, повторно даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овој пат за неговото ново издание „To The Beat“.

galoski-so-nova-traka-dejvid-geta-ja-pushtashe-nekolku-chasa-po-promocijata-01.JPG

Песната официјално излезе во петок, 19 јуни, преку Smash The House, издавачката куќа на светски познатото белгиско дуо Dimitri Vegas & Like Mike. Истата вечер, „To The Beat“ беше премиерно емитувана и во радио емисијата на Дејвид Гета, што претставува уште една голема меѓународна потврда за музиката на Галоски.

Ова не е прва поддршка од Гета за македонскиот артист. Напротив, тој повеќе од една деценија редовно ја врти и поддржува музиката на Галоски во своите радио емисии и сетови, заедно со големи имиња како Tiësto, Armin van Buuren, Martin Garrix, Solomun, Dimitri Vegas & Like Mike и други водечки артисти од светската електронска сцена.

galoski-so-nova-traka-dejvid-geta-ja-pushtashe-nekolku-chasa-po-promocijata-02.JPG

Минатата година, Галоски имаше уште еден значаен меѓународен момент, кога Swedish House Mafia, односно Axwell, Steve Angello и Sebastian Ingrosso, тестираа негова песна на Tomorrowland. Веднаш по нивниот настап, песната беше потпишана за нивната издавачка куќа Superhuman, а потоа доби дополнителна поддршка и од Solomun, како и од самите Swedish House Mafia на нивниот настап во Њујорк.

galoski-so-nova-traka-dejvid-geta-ja-pushtashe-nekolku-chasa-po-promocijata-03.JPG

Покрај студиските изданија, Галоски продолжува активно да ја гради својата интернационална приказна и преку настапите надвор од Македонија. Оваа пролет реализираше интернационална турнеја, а претходно, во ноември минатата година, имаше уште една серија настапи надвор од земјата, што дополнително го потврдува неговиот континуиран раст на меѓународната сцена.

Во изминатиот период настапуваше и беше присутен во градови и музички центри како Токио, Бангкок, Барселона и Ибица, каде оваа година беше дел и од Интернационалниот музички самит, еден од најзначајните настани за електронската музичка индустрија.

galoski-so-nova-traka-dejvid-geta-ja-pushtashe-nekolku-chasa-po-promocijata-04.JPG

Помалку познат факт за Галоски е дека, покрај својата артистичка кариера, тој веќе со години е активно присутен и зад сцената на светската електронска музичка индустрија. Преку својата работа како артист, продуцент и музички маркетинг директор, директно и индиректно соработува со преку 80 артисти од самиот врв на светската електронска сцена.

Токму затоа, на неговите социјални мрежи често може да се видат успеси поврзани со артисти како Argy, Korolova, Miss Monique, David Guetta, Tiësto, Swedish House Mafia, ARTBAT и многу други големи имиња од светската музичка сцена.

Со „To The Beat“, Галоски продолжува да ја позиционира македонската електронска музика рамо до рамо со најголемите светски имиња. Неговиот следен сингл е најавен за 3 јули, а македонската публика ќе има можност премиерно и ексклузивно да го слушне на Антена 5.

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Диџеј Babura Јunior сними свој музички сет на Ибица: „Сакав преку музиката да ги пренесам енергијата... „Го снимив во една луксузна вила на Ибица, со неверојатен поглед кон Ес Ведра, е...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти... Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...

Најчитани неделава