Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 типови на музика кои ја подобруваат продуктивноста

Музиката не служи само за забава и уживање во слободното време. Многумина се многу попродуктивни ако додека работат во позадина ја слушаат омилената нумера.

6-tipovi-na-muzika-koi-ja-podobruvaat-produktivnosta-01.jpg

Но, не секој музички жанр ја има оваа моќ. Одредени жанрови на музика помагаат за побрзо учење, за побрзо процесирање на информации, други ги блокираат позадинските звуци, а има и такви кои му помагаат на мозокот да го доживее својот еурека-момент.

Овие шест типови на музика докажано ја подобруваат продуктивноста:

Класична музика

Влијанието на класичната музика е познато уште како Моцартов ефект, според кој звуците на познатите класични дела го стимулираат мозокот и неговата активност, а со тоа и продуктивноста.

Се претпоставува дека класичната музика е како лепак за парчињата од сложувалката на вашите мисли и инспирации.

Звуците помагаат да се сконцентрирате на она што го правите, ве смируваат и ви го намалуваат стресот. Обидете се со „Турски марш“ на Моцарт, „За Елиза“ на Бетовен или „Четири годишни времиња“ на Вивалди.

Звуци од природата

Музиката која во себе содржи звуци од природата, како песна на птици, тек на река, дожд и слично ги подобрува когнитивните функции и концентрацијата.

Токму овие звуци се одговорни за подобрување на расположението и фокусот, а најефикасни се кога се пуштени дискретно, некаде во позадината и само ја надополнуваат атмосферата, без да предизвикуваат дистракции.

Музика од филмовите

Музичката подлога за филмовите е најчесто специјално снимана за нив и е во склад со сцените и приказната. Многу филмови имаат легендарни моќни нумери, кои може да ви го подигнат духот и да ве орасположат, а во исто време и да ве мотивираат подобро и поефикасно да ја вршите својата работа.

Такви се на пример нумерите од „Inception“, „Amelie“ и „Star Wars“.

6-muzichki-zhanrovi-koi-ja-podobruvaat-produktivnosta-02.jpg

Музика од видео-игри

Песните што се правени наменски за во видео-игрите се така компонирани да можат да ги разбудат сите сетила и да ви помогнат да се фокусирате на задачата, односно победа во играта која ја играте.

Можете да ги слушате музиките од „Battlefield One“, „Assassin's Creed 2“, „Final Fantasy 7“ и „Halo“.

Песни со 50-80 тактови во минута

Постојат песни кои се синхронизираат со бројот на отчукувања на срцето во минута. Одличен пример за тоа се песните на пејачот Крис Ри, за кои се верува дека им користеле на возачите на камиони кога возеле ноќе да не заспиваат зад воланот.

При вообичаена канцелариска работа, ја стимулираат фантазијата, меморијата и интуицијата. Други примери за вакви песни се „Mirrors“ на Џастин Тимберлејк, „The Lazy Song“ на Бруно Марс и „Chasing Pavements“ на Адел.

Вашата омилена музика

Сепак, ништо не може да ја надмине музиката која вам лично ви се допаѓа и прави да бидете расположени, среќни и продуктивни кога ја слушате.

Личниот музички вкус придонесува да уживате паралелно и во омилениоте звуци и во продуктивноста и креативноста, како и одличното расположение кое ве следи.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објавена е новата песна „Милост“ на Наталија Данаилова „Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидеј...
„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по висти... Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН п...
Музика која зборува за вашиот бренд – интервју со креаторите на персонализираната радио услуга за би... „Нашата услуга функционира многу едноставно, но ефикасно. Секој клиент доби...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
Песна во стилот на 2000-те и провокативни сцени – погледнете го спотот за „Фала“ на ДНК Новата песна на Андреј и Панчо од ДНК, „Фала“ потсетува на звукот од 2000-те год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg