Ново име, нова среќа за Северна Македонија - Како реагира светот на евровизиската песна на Тамара?

По домашните мешани реакции за песната и спотот на Proud на Тамара Тодевска, нашата претставничка на изборот за песна за Евровизија 2019, светот очигледно има многу подобри, позитивни реакции.

Kako-svetot-reagira-na-evroviziskata-pesna-na-Tamara-01.jpg

Што нè тера да се запрашаме – дали можеби сме престроги со коментарите или како по обичај силно го критикуваме сè она што е наше?

Во секој случај, најголемите евровизиски обожаватели се воодушевени од песната. Ова се дел од нивните коментари:

Дебан од YouTube каналот wiwibloggs кој ја коментира песната со Вилијам ја препозна сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ, која се појавува во спотот. Двајцата се прашуваат дали воопшто е потребно да се гледа спотот или доволно е само да се замижи и да се почувствува песната. Сепак, крајот на видеото ги воодушевува и двајцата.

Kako-svetot-reagira-na-evroviziskata-pesna-na-Tamara-02.jpg

„Тој глас е сè. Македонија отсекогаш имала супер песни и супер пејачи, но ужасни сценски настапи. Овде не е потребен никаков сценски настап. Нејзиното лице, гласот и песната, тоа е сè. Песната е како да сум умрел и да сум се родил повторно“, вели Вилијам за Proud.

Трансвеститот Макси Рејнбоу од САД, исто така, ја препознава Тијана како претставникот на Евровизија од 2014 година. И тој за песната на Тамара има само пофални зборови, а спотот според него е моќен бидејќи се појавуваат толку многу различни жени во него. Макси емотивно ја доживува нашата песна.

Kako-svetot-reagira-na-evroviziskata-pesna-na-Tamara-04.jpg

„Македонија оваа година има ново име, Северна Македонија и нова среќа за нив на Евровизија. Тоа е толку возбудливо. Биди силна, биди гласна и не дозволувај луѓето да те скршат“.

Енди од каналот eurovoxx констатира дека станува збор за прекрасна балада. Според него песната е воодушевувачка.

Kako-svetot-reagira-na-evroviziskata-pesna-na-Tamara-03.jpg

„Песната е едноставна, а нејзиниот глас се истакнува. Емоционална песна која истовремено те тера да се чувствуваш среќно. Имам солза во окото, не знам дали е од среќа или тага“.

Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер на 16 мај во Тел Авив, Израел. На сцената ќе ја придружуваат Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава