Каква приказна се крие зад логото на некои од најпознатите музички бендови?

Red Hot Chilly Peppers

Наводно, познатото логото на RHCP е нацртано од фронтменот Ентони Кидис во 1984-та. Пред бендот да го издаде првиот албум истата година, од нив побарале да достават и лого. Тогаш Ентони го нацртал црвениот симбол, го вметнал името на бендот и останатото е историја.

Постојат неколку мислења за значењето на логото, но во неговата биографија од 2004-та, Ентони даде комично и малку бизарно објаснување – логото претставувало задник на ангел гледан од Земјата.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-05.jpg

Radiohead

Логото со глава од нешто што наликува на мечка се најде на само еден албум на Radiohead, но набрзо стана симбол на бендот. Првпат беше покажано како промотивен материјал за четвртиот албум на Radiohead – Kid A.

Според артистот што го нацртал, идејата ја добил од цртеж за неговата ќерка:

„Мечката не е гневна, туку гладна. Таа ги претставува сите играчки со коишто сте си играле кога сте биле мали. Првпат ја нацртав илустрацијата кога ќерка ми имаше една година. Илустрацијата ја направив како дел од приказна за заборавените играчки кои се будат во прашливи кутии и одат да ги јадат возрасните што ги заборавиле“.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-06.jpg

Nirvana

Многу фанови веруваат дека насмеаното лице што се најде на албумот Nevermind е дело на Курт Кобејн. Наводно, пејачот добил инспирација од логото на некој стриптиз клуб.

Но, во 2018-та бендот ја тужеше модната куќа Marc Jacobs за недозволено користење на нивното лого во модна колекција. Тогаш се огласи Роберт Фишер – графички дизајнер – кој тврди дека тој го нацртал логото.

Наводно, во 1991-ва од бендот му побарале лого за албумот Nevermind, а тој почнал да црта разни верзии на насмеано лице, сè додека не ја добил препознатливата илустрација. Судскиот спор помеѓу бендот и модната куќа уште не е завршен.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-07.jpg

Queen

Откако првпат го искористија логото во 1971-ва, тоа стана неразделен дел од имиџот на Queen. Логото го дизајнирал Фреди Меркјури, кој наводно одел во уметничко училиште.

Секое од животните на логото е направено според хороскопскиот знак на членовите од бендот – двата лава се за тапанарот Роџер Тејлор и басистот Џон Дикон, кои се Лавови во хороскоп. Ракот го претставува гитаристот Брајан Меј, а двете самовили се всушност Фреди, кој е Девица во хороскоп. Буквата Q најверојатно се однесува на името на бендот.

Зад животните има и феникс чие значење не е познато, а се верува дека целиот дизајн на логото е инспириран од кралскиот грб на Обединетото кралство.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...

Најчитани неделава