Каква приказна се крие зад логото на некои од најпознатите музички бендови?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
"Сто... 20-01-2021


Каква приказна се крие зад логото на некои од најпознатите музички бендови?

Речиси сите познати бендови си имаат своето лого, кое го препознаваат дури и оние кои не ја слушаат нивната музика.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-01.jpg

На пример, сигурно кога ќе го видите логото на кое има уста со исплазен јазик, ви станува јасно дека тоа се Rolling Stones. Но знаете ли зошто бендот го избрал токму тоа лого?

Во продолжение можете да дознаете каква приказна се крие зад логото на некои од најпознатите бендови во светот:

Rolling Stones

Препознатливото лого на Rolling Stones е направено од артистот Џон Паш. Според The New York Times, бендот го контактирал артистот и од него побарале да им направи лого за претстојната европска турнеја, но и лого што ќе го користат на албумите и промотивните материјали.

Мик Џегер го одбил неговиот прв дизајн, па Џон го направил легендарното лого со уста и исплазен јазик. Иако многумина веруваат дека инспирацијата за логото е устата на пејачот, Џон го направил логото според илустрација од хинду богот Кали, која му ја покажал Џегер.

Интересно е што Џон му ги продал правата за логото на бендот за околу 26.000 фунти, но ако не го направел тоа, ќе заработел многу повеќе – Rolling Stones заработија можеби милијарда долари користејќи го токму ова лого.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-02.jpg

Led Zeppelin

Логото со четирите симболи е идеја на гитаристот Џими Пејџ. Откако добиле навистина лоши критики за нивниот трет албум, Пејџ одлучил на следниот да нема ниту едно од имињата на членовите на бендот, ниту пак некакви информации за нив.

Па така, секој од бендот си нацртал свој симбол кој има некакво значење за него, и го добиле препознатливото лого. Иако е јасно дека секој симбол претставува по еден од музичарите, нивното точно значење до денес е мистерија.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-03.jpg

The Who

Во 1950-тите, во Велика Британија почнало движење на млади луѓе кои биле заинтересирани за музика и мода, познато како мод (Mod). Оние кои биле дел од движењето ја искористиле метата со сина, бела и црвена боја на војската како нивен симбол.

Откако артистот Брајан Пајк го вметна овој симбол во логото на The Who, тој стана препознатлив насекаде. Во генијалниот дизајн на Брајан од 1964-та, двете букви „h“ се поврзани со цел да се покаже единство, а стрелата на буквата „о“ е за да се истакне мажественоста на бендот.

Логото никогаш не беше искористено за албум на бендот, но стана симбол препознатлив за нив.

kakva-prikazna-se-krie-zad-logoto-na-nekoi-od-najpoznatite-bendovi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Интервју Replay: Секој настап каде луѓето реагираат позитивно на нашата музика за нас e успешен, сле... Бендот Replay активно свири веќе 4 години и бендот е составен од гитара, &n...
Уникатна облека, потекло на името - 5 интересни факти за групата ABBA Сè започна во 1972 година, кога бендот со интересното име на Евровизиската ...
Жешкиот спот на Џеј Ло за „Ni Tú Ni Yo“ Излезе спотот за новиот летен хит на Џенифер Лопез и Gente de Zona - „Ni Tú Ni Y...

Најчитани неделава