Почна со групата „Магија“, стигна до интернационална кариера – каде е и како изгледа денес Јован Јованов?

Од групата „Магија“ до интернационална кариера и награда на престижниот филмски фестивал во Венеција. Јован Јованов е еден од ретките музичари од македонската музичка сцена што замина од земјава, но продолжи да се занимава со музика и успеа да се стекне со интернационална слава. Да се присетиме од каде започна неговата кариера.

Jovan-Jovanov-od-grupata-Magija-do-internacionalna-muzicka-kariera-01.jpg

Оние што редовно го следат Јован Јованов на Инстаграм знаат дека тој е доста активен со објавите за она што му се случува во кариерата.

Јованов во моментов живее и работи во Онтарио, Канада, каде продолжи да се занимава со музика, а работи како музички продуцент и текстописец и соработува со поголем број музички ѕвезди од Канада, како Alx Veliz, NorthSideBenji, Liron и други.

View this post on Instagram

A post shared by Jovan Jovanov (Jay Jay) (@jovanjovanovjj)

Својата музичка кариера Јованов почна да ја гради во Македонија. Голем дел од нас се сеќаваат на групата „Магија“ која се појави во далечната 1998-ма година и со песната „Магија“.

Оваа група беше огромна атракција, публиката ги доживуваше како македонски Backstreet Boys или New Kids on the Block, а беа актуелни токму поради модерниот звук што донесе нова свежина на македонската музичка сцена и кореографиите.

https://www.youtube.com/watch?v=g2qiyF0oLKQ

Групата „Магија“ беше составена од Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев.

Групата постоеше од февруари 1998-ма до септември 2001-ва. Основач на групата и автор на песните беше Јован Јованов.

Младите генерации растеа со нивните хитови како „Магија“ , „ДЈ“, „Светло се гасне“, „Помислувам на тебе“, „Низ оган да минувам“, „Кажи ми“ и до ден денес се добро познати на македонската публика.

https://www.youtube.com/watch?v=aipo-2iv_jo

Во тригодишното постоење групата издаде една касета (се сеќавате како изгледаа касетите нели?!), едно ЦД, 15 песни.

Исто така момците беа и на концертна турнеја која опфати 30 концерти низ републиката по спортски сали и домови на култура, како и голем концерт во Скопје во спортската сала „Кале“.

По распаѓањето на групата, секој продолжи по свој пат. Јован Јованов продолжи да ја гради својата плодна музичка кариера исполнета со голем број песни, награди и признанија.

magija-1.jpg

Од соработката помеѓу Јован Јованов и Зоран Стаменковски (и двајцата се членови на групата „Магија“) во 2006-тата произлезе песната „Сè на свое место“, која го освои третото место на „Макфест“.

Во 2001 година, Јованов го отвори сопственото студио за снимање „Јованов рекордс“.

Тој соработуваше со голем број познати музичари од регионот, вклучувајќи ги Тоше Проески, Емина Јаховиќ, Ламбе Алабаковски, Адријан Гаџа, Слаткаристика, Тони Зен, Елвир Мекиќ, Бојан Маровиќ, Слаџа Делибашиќ, Next Time, Влатко Илиевски и Викторија Лоба.

Тој беше текстописец на песните што ја претставуваа нашата земја на изборот за песна Евровизија: „Ангел си ти“ на Тоше Проески во 2004-тата година и на песната „Нешто што ќе остане“ на Next Time во 2009-тата.

jj-albumi-1.jpg

Освен како текстописец и продуцент Јованов на македонската публика ѝ е познат и како пејач. Тој сними и издаде два албума: „На мој начин“ и „Итно ми требаш“ и настапи на бројни концерти и настапи низ Македонија.

Во периодот од 2010-тата до 2012-тата година Јованов беше директор на најголемиот музички фестивач во Македонија – „Макфест“ што се одржува во Штип.

Инаку Јован Јованов со сопругата Николина и со ќерката, од Македонија си замина во 2014-та година.

Прво во Холивуд, на музичко усовршување и со цел да го оствари својот сон, а сега живее и работи во Канада, каде ја основа Global Music Entertainment Corp во 2017-та година.

Ако се суди по бројот на наградите и признанијата што ги добил оттогаш па до денес можеме да кажеме дека навистина добро му оди и дека навистина го живее својот сон за светска и интернационална кариера.

Јованов досега има две номинации за „најдобар музички продуцент“ на Hollywood media awards во 2019-тата и во 2021-та.

nagradi-jj-collage.jpg

Минатата година ја доби наградата за „најдобра оригинална песна“ на престижниот филмски фестивал во Венеција, како и наградата за „најдобар композитор“ на Интернационалниот филмски фестивал American Golden Picture.

По сè ова може само да заклучиме дека тој е еден од ретките музичари што си заминаа од земјава и продолжија да ја градат музичката кариера надвор од границите на Македонија.

Се надеваме дека и во иднина ќе слушаме убави вести за уште голем број награди и признанија.

Повеќе фотографии и видеа од она што Јованов го работи во моментов погледнете во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
„Его“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi „Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Му...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg