Руслана, Кончита – Како изгледаат и што прават денес најпознатите евровизиски натпреварувачи?

Од првата Евровизија во 1956 година, па сè до денес, навистина видовме секакви изведувачи со секакви песни на сцената.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-01.jpg

Додека на повеќето не се сеќава скоро никој, дел од победниците, но и некои финалисти, ни беа толку забавни и интересни што ќе ги помниме уште долго.

На пример, зарем има некој кој ќе ја заборави Кончита? Веројатно се сеќавате и на Руслана и нејзиниот енергичен настап или, пак, настапот на бабичките од Русија. Но знаете ли што прават овие музичари денес и како изгледаат?

Можете да дознаете во продолжение:

Бабичките од Бураново

Никој не остана рамнодушен на осумте бабички од Русија кои настапуваа на Евровизија 2012. Можеби на почетокот никој не ги сфати сериозно, но тие ја освоија публиката, како и второто место на натпреварот.

По настапот на Евровизија бабичките станаа вистински хит во Русија и одржуваа концерти, а со заработените пари изградија црква во нивното село Бураново. Наводно, денес познатите бабички се пензионирани од музичката кариера и една од нив, за жал, почина во 2019 година.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-02.jpg

Руслана

Руслана ѝ донесе победа на Украина на Евровизија 2004, а денес, на 48-годишна возраст, уште се занимава со музика.

Покрај тоа, Руслана е и професионална танчарка, но и активист против загадувањето на Земјата. Всушност, таа и нејзиниот сопруг живеат во еколошки дом, а на нејзиниот Инстаграм профил често споделува фотки од секојдневието.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-03.jpg

Нета

Во 2018 година младата пејачка Нета од Израел ја освои публиката со својот моќен глас и победи на Евровизија.

Оттогаш Нета има издадено два успешни музички албуми, а нејзините спотови се прегледувани милионипати. Сепак, Нета сака да се држи понастрана од јавноста и не се знае скоро ништо за нејзиниот приватен живот.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-04.jpg

Лорин

Во 2012 година, победата на бабичките од Русија им ја „украде“ Лорин од Шведска. Нејзината песна Euphoria беше толку популарна, што долго ја слушавме и на радиостаниците.

Денес Лорин уште работи во музичката индустрија, а се има појавено и во неколку шведски реклами и телевизиски серии. Таа е и активист кој се залага за правата на луѓето од сиромашните земји.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-05.jpg

Џамала

По победата во 2016 година, Џамала од Украина ја продолжи музичката кариера и издаде шест студиски албуми, од кои последниот годинава.

Таа заплива и во актерските води, а беше дел и од неколку популарни украински шоуа. Денес пејачката е во брак и има две деца.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Дац и Александар со нова песна „4 страни“, по две години пауза По речиси две години пауза од нивната последна песна, популарното дуо Дац и Алек...

Најчитани неделава